„Анасана-аврадана" беше го оставил во конакот, гласот му беше мек, мазен, умилен, дури личеше на родителски, кога човек се разделува со своите најмили: — Ете — рече.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во истиот миг султанот зеде да зборува, гласот му беше мек, бавен и циничен - очигледно, се обидуваше да биде разложен и недосетлив - а речникот китен.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
— Ѝ одговараше Толе, а таа верувајќи му дека и Светијован си имал посестримка, уште повеќе го стегаше со меките бели раце и го посипуваше со бакнежи и милувки. (Митра не работеше полски работи кај стариот Брлета та затоа рацете ѝ беа меки и бели).
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А Рене рече: гледајте, со моиве раце ги бев држел, стотици, можеби и илјадници парчиња; некои беа меки, некои тврди, а сите мошне течни; мажи, жени, гнили и полни со крв.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Гласот му беше мек, како придушен, а неговиот акцент по малку искривен од оној на мнозинството пролови.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Половината на девојката во превојот на неговата рака беше мека и топла.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
” Понекогаш зборовите му беа тврди како камен: чиниш ги чувствуваш како те удираат; понекогаш му беа меки и милозливи што како пролетно ветре ти ја галеа и раскрилуваа душата.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Досега гласот ѝ беше мек, зборуваше полека како по ноти со милозвучен звук.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Малите квадрати на нивните лица беа меки и влажни, предавнички голи; и молеа се ова да се прекине, и тие сите, колку што ги имаше во салонот, да станат кртови, да се завлечат в земја, и зашто черупките има беа полни со звучен експлозив, расеамо помагаа за да станат во таа ноќ сведоци на една хазардна игра во која тој многу вложи и многу доби.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тестото спласна, острите светилки во многуте очи изгаснаа, далеку планините беа меки и проѕирни лисја момирок и покриени со водникавомлечна пара.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Нејзината постела беше мека како и порано. За богословот и за агентот. Не само за него.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Лебот што завчера го донесе од село уште беше мек, но момченцето беше навикнато зимно време да јаде потпечен леб, па отсече едно долго, тенко парче, го стави на машата и го принесе на жарот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Сега ги гледаше снежинките, беа меки и сигурно го имаа оној скокоткав допир, како прстињата на пеленаче по твоето лице.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Виделината беше мека и испресечена од неколкуте вкрстосани жици околу пламенчето.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Идеше киселикава миризба на сурова буковина и суво штипкање на пилотини во носалките, од тоа кивна, загазувајќи до глежневите во белиот слој пилотини, по кои чекорот му беше мек, помек дури и од снегот, а ги чуваа тука за да држат топло.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Под нив снегот беше мек и го зафаќаше високо над колениците.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Гласот му беше мек, певлив, топол.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Ние, машките, на почетокот бевме меки, ама откако почнавме да градиме палати во песокот, каков натпревар беше тоа чудо.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Другарчињата беа добри, креветчињата беа меки, но што вреди сето тоа кога мораше во одредено време да се станува, да се јаде и да се спие!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Сега ударот врз металот беше мек, задржан, испрекинат.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)