И дека беше матен ден што ги затемнува прозорците, уште поголема мака напаѓаше.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Чоколадата обично беше матно кафеава, лесно се ронеше и имаше вкус што, ако воопшто некако можеше да се опише, личеше на чад од запалено ѓубре.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Беше свесен за тоа дека умот му беше матен и не можеше да го разбере тоа што го виде.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Очите им беа матни како да чадеа од под клепките; над и под таа задименост се наслутуваа првите брчки.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Гласот му беше матен и натопен со влага и изгледаше како некој друг да говори додека тој само ја отвара устата: „Се лажете, братчиња, многу се лажете.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
За разлика од осветлениот град, реката беше матна, надојдена.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Војска? Ха! Тоа беше матна дождовница од испиени, на прв поглед безоблични луѓе, колона гробнички шинели, разнишан ред страшила, глупаво и ненужно развлечен синџир од чудни шушкави алки. Тоа беше почеток и крај.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тој се наведна и ме бакна во челото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Погледот ми беше матен и не можев да видам дали има солза во неговите очи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)