бев (гл.) - лут (прид.)

Всушност, сега се сетив дека тоа што почуствував кога ја видов овде на прозорецот, не беше лута љубомора туку горешто посакување моите раце да бидат на нејзините топло оживеани дојки и јас да бидам топлиот радијатор меѓу нејзините нозе.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Елена ги виде уште кога дојдоа, но се пикна во плевната, ја затвори вратата, легна врз сеното и го зеде дневникот в раце. Беше лута и навредена.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сега ѝ беше лут, оти тогаш таа требаше да му објасни, требаше да се обиде да го задржи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Рацете му се тресеа, му се тресеше и брадата, како да беше лут, бескрајно лут на некого.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И иако знаеше дека сето тоа се бесмислици и дека взаемната љубов на мајка ѝ и на татко ѝ нема никаква врска со болеста и со умирачката, сепак тие три години му беше лута.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тој пак, Павле, му беше лут на Петар затоа што овој со својот затскриен презир кон сите будеше кај него ист таков презир кон себе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А не доаѓав заради зет ми Профима со кого бев лут и не сакав да зборувам.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Така го минував времето, ден за ден, речиси две недели – во канцеларијата на тој неинтелигентен човек, кој самиот себеси се сфаќаше сериозно, и, згора на сè, се сметаше за уметник зашто понекогаш – додека бев таму, тоа се случи само еднаш – го гледаа како стои крај масата за цртање, работи со моливи и хартии и црта некој расклапан предмет, полица за цвеќе или нов вид домашен шанк, некаква мака за новите генерации потрошувачи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Секоја вечер кога уморен ќе се вратев дома, бев лут затоа што ми беше минал уште еден ден од мојот живот кој ми донесе само замор, бес и точно онолку пари колку што требаше за да работам и понатаму, ако таквата работа воопшто и може да се нарече работа: по азбучен ред да сортирам сметки, да ги дупчам и да ги прицврстувам во нова фасцикла, каде што трпеливо ќе ја поднесуваат судбината никогаш да не бидат платени; или да пишувам рекламни писма што безуспешно патуваат низ земјата и претставуваат само непотребно бреме за поштарите; понекогаш да пишувам сметки што некој можеби и ќе ги плати, дури и во готово.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Командантот беше лут како рис.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Милијарда неточни часовници што збунуваат.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Повторно, како секогаш во слични случаи во последно време, им бев лут.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тој и така беше лут на Бошка Манева, но сега, откако чу дека омразата ги фатила и децата, се дојадоса.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Луман додаде: - Ти бев лут како рис, ама молбата на Дика ме смири, ќе ти простам.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Но Драган беше лут и никој не се осмели да се насмее.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Ме презира, бедник - беше лут на своето неспретно тело, но бесот лесно го прекри со насмевка – Би го погледал Градот оттука!
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
А на дедо Геро беше лут до немајкаде.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Колку и да беше лут тато, ништо не му помогна.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Татко ни толку беше лут, ќе не испотепаше.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Напротив. Ѝ бев лут како никогаш во мојот живот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Го проучував набрзина текстот, и дали затоа што ѝ бев лут, или заради нешто друго, не сфатив многу од она што го беше изнапишала за филмот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Јас многу му бев лут на татко ми што само седи, чека, и ништо не презема, а бев сугурен дека ако тргнам да го барам, самиот ќе го најдам дедо ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Не можев да ги слушам, толку им бев лут.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Некако ѝ бев лута на Лима што ме смести со оваа екипа, затоа што претпоставував каква ситуација ме чека.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Беше лута. - На кого си му лута, Билјана? - ја прашав кротко. - На оние тополи, - рече.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Го слушав Бак како одвреме- навреме „човечки воздивнува”и од што му бев лута, не сакав ни да го погледнам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
За сѐ е тој виновен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)