Ноќта беше летна, ѕвездена, иако малку жешка.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
- Можеби и Божиќ или таков некој празничен ден.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Беше летна ноќ, и околу нас трепереше топла немост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Се свртев кон Клара, таа ги имаше затворено очите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Верувајте, беше летен ден и бевме на распуст, кога сум седнала каде што стојат плуговите и ралото, кога сум почнала да плачам, ми се чини цел ден плачев.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Иако бев летно облечен и бос, не чувствував студ.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Оттаму како снегулка (иако беше летно топло претпладне) се спушти до детето – сонце и заедно прегрнати се вратија на тротоарот.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)