Рози не ја познаваше девојката. Беше куса и дебела, вработена да служи, а не да флертува со шоферите на камиони.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Тоа не беше куса телеграфска вест, туку проста дотогаш непозната вистина.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Нашата средба беше куса, срдечна.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
За последен пат го видов во Париз, кога му се врачуваше наградата на УНЕСКО за мир, заедно Ицак Рабин, каде што присуствував како амбасадор на Република Македонија во Франција.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Сега, меѓутоа, улогите се свртеа. Уште повеќе: „да бидеш прикажан на телевизијата” е потврда на реалитетот.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
За Бахтин, карневалот беше кус исклучок за уште подобро да се потцрта строгоста на нормалниот живот.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Викотниците во собата беа куси и задушени.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Мојата маќеа беше многу вредна, беше куса по раст, но педантна, чиста и веднаш си направи распоред.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Јаката му беше тесна, ниска, така што неговиот врат, и покрај тоа што беше кусичок, подавајќи се од јаката, изгледаше необично издолжен, како кај мачињата од гипс кои нишаат со главата и кои руските странци, дури и по десетина, ги носат на глава.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Церемонијата беше куса, како кога ќе се запали свеќа, а потоа веднаш ќе се изгасне, додека чадот сѐ уште останува во воздухот.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)