бев (гл.) - категоричен (прид.)

Татко советуваше, но никогаш не беше категоричен, оставајќи си секој сам, во крајна линија, да одлучи за какво училиште ќе се определи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но, одговорот на татко му беше категоричен.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но директивите на партијата и натаму беа категорични: работничката класа мора да се создаде, откако наполно ќе се дотолчи класниот непријател!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Не, сакам од мене - беше категоричен Карл.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Затоа тој не беше категоричен дури и при чисти ситуации кога беше сосема јасно дека мора да рече – да или не.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но Камилски овојпат беше категоричен: Време е да започнеме, н чека армија зборови!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И ние, децата, бевме сигурни дека газдата на арабаџиите нема да дојде на наредната игра покер, макар што старите играчи не беа категорични за неговото неучество.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко ми првпат беше категоричен и јасен во однос на нашата судбина и судбината на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Но Фројд не беше категоричен во своето тврдење – прифатив веднаш.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)