бев (гл.) - изменет (прид.)

Подоцна, во перформансот Вечерата на сите светци, целата акција дотолку беше изменета што во векната леб беа скриени повеќе стотици парички, додека во шишето за вино сега имаше златна течност. Lazer сега врескајќи најсилно што може цитираше текст од библијата.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
„Не лути се што немам со што да те послужам.“ Беа изменети, се чувствуваа еден пред друг како туѓинци случајно сретнати на тесна врвица.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Дојдов тука“ , рече брат му. „Ти знаеш дека не пијам.“ Беше изменет и изгледаше како некој друг, непознат за Отец Симеон; имаше закажарени дамки на образите, проредена, нејака коса, тапа брада под белите усни.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Бев изменет, изобличен од навредата и срамот од кои не можев да се спасам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Навистина сѐ беше изменето од алхемијата на тоа нешто што беше се случило во него. Тоа објаснуваше сѐ.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Рози одеднаш стана малодушна, не затоа што ѝ беше објаснета мистеријата за змијата, или дека нејзиниот однос кон змијата беше изменет, туку затоа што се сети дека е во Идн Парк.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но сега неговиот живот беше изменет и тој се движеше со чувство на нерешителност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Боже, колку беше изменет нејзиниот лик.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
132 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА Законот за безбедност и здравје при работа 1 е донесен во 2007 година. Oваа материја претходно беше регулирана со Законот за заштита при работа донесен во март 1998 година, 2 кој беше изменет два пати, во април 2000 година и во мај 2002 година. 3 Со овие закони се утврдуваат правата и обврските на работодавците и вработените во областа на безбедноста и здравјето при работа.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но, само по само три месеци примена, со втората измена на ЗРО (2005), овој член беше изменет, при што за сторените прекршоци за кои одговара работодавачот, прекршочна постапка води и санкција изрекува органот на државната управа надлежен за работите од областа на трудот (т.н. Прекршочен орган).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Претходно, пак, постоеше стар ЗПП (1998), којшто беше изменет и дополнет (2002), а потоа и изработен негов пречистен текст 3 – поради обемот на интервенциите.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Неговиот поглед беше изменет; сега во неговите очи гледав празнина и празнина гледаше во мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој сега имаше триесет и четири години, една повеќе отколку што имаше неговата мајка кога ја сретнавме едно понеделничко утро во беспризорниот кварт на Виена, и наликуваше на неа не во изгледот - таа тогаш, години пред тоа, му кажа дека го препозна затоа што личел на татко си – туку во начинот на кој старееше: беше проќелавен, забите му се ронеа, а коските му се искривуваа – прстите му беа чудно извиткани, и накривнуваше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со овој амандман, кој е дел од корпусот уставни интервенции за т.н. „реформа на правосудниот систем“, се замени дотогашниот чл. 15 од Уставот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се забележува дека оваа уставна измена, како и многу дотогашни, повторно е во насока на кратење на уставно загарантираното граѓанско право на жалба [ius appellatio] – кое сега останува загарантирано само во судските процеси, додека во управните постапки е оставено да биде регулирано со закон – односно, de iure, тоа повеќе не е уставна материја, земено stricto sensu. 15.  Проблематиката на заштита на работничките права пред судовите е регулирана во Делот III [Посебни постапки], Глава XXVI [„Постапка во спорови од работните односи“] и, сè на сè, опфаќа вкупно шест члена (чл. 404-409, ЗПП). 28 којшто беше изменет и дополнет (2002) – а потоа, поради обемот на интервенциите, беше изработен и негов пречистен текст.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)