бев (гл.) - зелен (прид.)

Тајната во очите му беше зелена, името горчливо - љубомора.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Бегот ја држеше пушката свртена кон нас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лицето му беше зелено и влажно како нешто што живее по густите бари или по поилата на селските чешми.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби тоа беше зелениот дух на водата, што знаевме - неми, стутулени еден крај друг седевме на највисоката карпа. Во сон, во магија.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А таа, Ниривина, не беше зелена, таа беше проѕирна.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Зелено се нишаше, зборовите му беа зелени.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тој воопшто не мислеше на својата облека: виц-мундирот не му беше зелен, туку во некоја лисесто-брашнена боја.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Јас бев зелен вир на многу дни од штедрост сега молчам сосем жолто За старецот во мене не плачат и грубо ќе ме натрупаат в кола Но сепак едно сеќавање имам: корењето ми остана на брегот Брег од риби и од камење каде растат многу млади дни Трева бев ќе бидам трева пак затоа така чудно мирисам
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Во годината четиристота царот Јуан го обиколи својот престол со Големиот Ѕид. Земјата беше зелена од дождовите, наближуваше жетвата, мир владееше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)