бев (гл.) - здрав (прид.)

Повторно ги забележав вообичаените мали правописни грешки, од времето кога беше здрав.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Од него, од Блажета Станкоски, врз кого после падна тежок презир, во Потковицата го завикаа Србуле, Стево Србино го посини Алекса и го испрати кај своите во Србија, во Белград, за да изучи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Меѓу сите нив навиден и најпрокопсан беше Стево Србино, но тој ја имаше таа несреќа, иако домаќинката му беше здрава и лична да не може да биде повеќе, да нема деца, а Блаже Станкоски, кого Србите, поради големите мустаќи, го завикаа Брко, ги имаше толку многу, што не знаеше што да прави со нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Јас го гледам, си мислам и се прашувам: - Мајката, што му е на човекот? Вчера беше здрав?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тоа не нѐ заштити од попримањето на држењето и манирите карактеристични за Beat-от, и евентуално, како пост-битници, се задлабочувавме над она што, на крајот на краиштата, беше здрава и пристојна афирмација на она во што сите сакавме да поверуваме во врска со американскиот систем на вредности.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Се клештеше кон себе од огледалото и беше здрав. И се сеќаваше на Јана.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Децата, фала богу, беа здрави, па Маре се вработи како чистачка, а тие се чуваа сами, поголемото го чува помалото, а најмалото внимава на најголемото, па го кодоши кога мама ќе се врати од работа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Е, здрав. Бев здрав некогаш. Сѐ минува, сѐ протечува. И здравјето тече.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не беше здрава.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Не, не е дојден воопшто. Ни кога беше здрава...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Мене, кој бев најмал од сите, ме галеше и ме хранеше, помагајќи ѝ на мајка ми во негата и кога бев здрав и кога бев болен.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Со с¯ што толку ја мачела паштерката је, пак таја беше здрава и јака како некоја трнка, а незината ќерка с¯ болничаа и неолничаа, на умрените вода му носела (готова за смрт).
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Пошло сирото девојче ноќта на чешма за да залеит вода и кога дошло до дрвото видела единаесетмина мажи и една стара жена, поседнати околу наоколу на тркало.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ќе отстапи ли, да не даде господ, од своите позитивни стремежи (така љубеше да се изразува), - и тој веќе не беше здрав.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Море и преку сто, додаваа други зашто навидум баба Севда беше здрава како дрен.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Вчера, откако Кате си го однесе Црни, останавме уште малку така поседнати зад зградата, си поразговаравме за Џеки и Белчо и се растуривме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ташко ништо не се жалеше - значи беше здрав.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ташко го немаше на првиот час. Загледував накај празното место и размислував што ли можело да му се случи...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во џебовите му нашле едно портмоне, во кое имало медалјон со слика на Богородица, еден автобуски билет за две возења и дваесет и четири илјади марки во готово, како и дупликат од признаницата што морал да ја потпише во лотаријата, и тие пари не можел да ги има повеќе од една минута, веројатно и помалку, зашто камионот го прегазил на само педесет метри од канцеларијата на продавачот на лозови.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Беше здрав како дрен, срцето одлично му функционираше и имаше сон како сито доенче кое со најмирна совест си спие до следниот оброк.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Еден од браќата, лекар, сестрата, медицинска сестра, ѝ носеа на Мајка секакви лекови против главоболка, за смирување, разни сирупи, за деца и за возрасни, витамински препарати, а таа беше здрава, поздрава, за својата возраст, не можеше да биде.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)