бев (гл.) - затворен (прид.)

По целокупното окончување на спорот Кукулев, барем формално-правно, остана да работи во Радиото уште околу две години – иако тој, впрочем како и сите вработени во локалните радиодифузери, не одеше на работа и не земаше плата –  бидејќи de facto локалните радио и ТВ станици беа затворени и воопшто не работеа!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По ова, Кукулев – од инвентарот кој остана во просториите на Радиото – успеа да си наплати само 90.000 МКД (1.500 ЕУР), што горе-долу е само ½ од вкупниот досуден долг!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таму Гоце беше затворен меѓу четири ѕидови: по команда стануваше, ручаше, вечераше, по команда дури мораше да учи.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Зошто не останав во Солун?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Кутијата, реков, беше затворена со капак што обезбедуваше внатре да не може да влезе вода, ниту содржината да биде оштетена од оган.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Имаше нешто гротескно во судбината на сега веќе куциот човек и на уште неколкумина негови пријатели кои, во една вејава зимска ноќ, во времињата кога земјата беше затворена за патувања и преселби, тргнаа да бегаат преку граница, преку Каба Планина, кон Грција, а оттаму, како што веруваа, во Америка или во некоја друга слободна земја.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мајка ми беше во Полска, татко ми во Грција (заборавив да кажам дека кога беа затворени во Лерин татко ми со браќата и снаата, татко ми не го пуштија од затвор, туку беше прогонет на островите во Грција и таму беше сѐ до 53 година ...ако е точно, не сум баш сигурна(!)... кога го ослободија живееше во Лерин, ама беше политички неподобен).
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тоа толку многу ме погоди што со денови бев затворена во себе и со никога не комуницирав, па мислеа дека сум забегала со умот.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Следната недела го застрелаа и весникот веднаш беше затворен. ?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Се возевме наоколу цел ден, а тој седеше на задното седиште и ми раскажуваше приказни за Холивуд од старите денови, а потоа застанувавме кај „Gour- met Chalet” да купиме стек за неговата вечера која чинеше колку една моја дневница.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но и ќуќите опустеа не само ноќе што се светеа, ами и дење скоро сите беа затворени.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И уште истата ноќ и тој се раздели со Стоја и Петка и тргна со Андона кон Крушевица, откаде го зеде со себе помалиот свој син Велјана да не падне и тој во рацете на агите, како постариот Трајко кој веќе, заради татка си, беше затворен пред една година.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И така, кога Сарафовци денуваа на „Ливада" и кога ноќта се разделија, Толе почиваше крај своето Ќосе во Вепрчани, а Андон крај Андоница во Дуње, за да дотрча околу полноќ во Вепрчани и да му јави на Толета, дека Бахтијар ја испрати војската по нив по Селечка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
6. Под таква околност дојде и Илинден.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таа година, јужната граница с уште беше затворена.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Прва грижа му беше да ги пушти надвор овците и говедата, кои беа затворени во долниот дел од плевната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Еден прашливосив автомобил што беше затворен и изгледаше ужасно, беше сместен блиску до влезот, над кој името на местото беше карактеристично напишано, со демодирани букви од гранки од нелупена бреза.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сега тој си припомна за пилињата, дека тие вчера цел ден беа затворени во влажните и засмрдени живеалишта.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа полета и застана пред влезот. Вратата беше затворена.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
На предното седиште седеше тој; беше свртен во полупрофил; ќелата му беше црвена, вжарена, брадата му беше накострешена; зборуваше нешто, но не можев да слушнам што; при говорењето, една жила на вратот му се затегаше и се дуеше како да ќе пукне; одеднаш, до мене доплови само откршок од разговорот: „Ти мораш да го пријавиш тоа, ако не го пријавиш, ќе имаш последици“, рече тој; рацете му беа спуштени под воланот; десната му беше подадена кон седиштето на совозачот; во еден миг се навали кон назад на седиштето и на другото седиште ја видов Луција; очите ѝ беа затворени, носниците ѝ се ширеа (и денес не знам дали е тоа возможно, човек од десетина метри, наспроти сонцето, да види дека се шират женски носници: дали тоа беше истата онаа слика на Луција од разбојот); по образите ѝ се слеваа солзи; да, сигурно видов дека Луција плачеше за еден миг, а потем престана.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Веднаш знаев дека овој деликатен зафат беше дело на Даскалов; веројатно го беше сторил тоа додека ја полнев чашката.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Очите и беа затворени.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Додека уметноста денес е современ феномен кој што зазема свое место во глобалното капиталистичко општество, многу јапонски уметници негуваат посебен естетски израз развиен низ вековите на постоењето на земјата, посебно од средината на 17- от до средината на 19-от век, кога Јапонија беше затворена за надворешниот свет.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сите врати беа затворени и сите прозорци затемнети.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Скришум и во доверба ги прашувавме - добро, нека е така, дека Тито ја затвори границата и е предавник, а како се најдовте вие во Јасеноно и Катланово, штом границата беше затворена? Предавници ли ве лекуваа?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Добро, и да беше лага, дека границата беше затворена, штетата беше огромна.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тие денови, по будењата, се обидував да се убедам себеси дека треба пак да ја посетам Клара, и веднаш наоѓав изговор – во Виена имаше епидемија на пневмонија и шпански грип, и секојдневно умираа стотици луѓе, беа затворени училиштата, театрите, операта и кино-салите, се препорачуваше да се излегува од дома само кога тоа е неопходно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Едно понеделничко утро го најдов Рајнер како лежи на креветот, со парче хартија на дланката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во неделите не одев во домот на Рајнер, затоа што дома не знаев како да се оправдам, бидејќи тогаш библиотеката беше затворена за читателите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа 1919 година, веднаш по завршувањето на болестите кои дојдоа по војната, исцрпена од војувањата, се распадна Австро-Унгарската империја, и ние останавме во она нејзино парче кое оттогаш се нарекуваше Австрија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ден потоа беа затворени границите, а секој кој сакаше да ја напушти Австрија, мораше да се обрати до тукушто отворениот Центар за издавање на излезни визи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но на таа теорија ѝ беше затворен влезот во Македонија, како и во сите тие средини од каде што излегуваа пропагандистите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тука се чини, вратите не само што беа затворени, туку останаа заклучени за навек.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, за други информации сите врати ми беа затворени.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Откако келнерот повика такси, страницата со безброј неодговорени прашања за Ѓорѓе беше затворена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Вратата веќе беше затворена. Човекот ја фаќаше, ја тресеше и истураше тупаници.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тие луѓе беа затворени повеќе од шеесет дена.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Некакви си дребнави дуќанчиња, тие постојани клубови за прислужниците и секаква челад, беа отворени, други пак што беа затворени, сепак пропуштаа долга шурка светлина долж целиот процеп на вратата, што значеше дека ни тие сѐ уште не се без друштво и веројатно, прислужничките и слугите сѐ уште си ги довршуваат своите расправи и разговори, доведувајќи ги своите господари во тотална недоумица околу тоа каде се наоѓаат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не му купив подарок зошто, логично, сите продавници беа затворени.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ќе ја купи Гана цела, ќе го купи и Нов Зеланд.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Многу прозорци на куќите, речиси сите беа затворени со дрвени и метални капаци.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Немав засолниште- тешките времиња на куќите беа затворени.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Кон градот, неподвижен и мртов како кулиса на напуштена театарска сцена, се движеа темни суштества.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Сите врати ни беа затворени.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Занеме кога беше затворен на Голи Оток, веруваше дека повеќе никогаш нема да запее во животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не се знаеше веќе колку векови бевме затворени во домската зграда што носеше толку ласкаво име „Светлост“.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Нашата соба е мала како кутија“ , пак повторија браќата. „Зоолошката градина беше затворена.“ „Однесете го на крај град и оставете го“ , прсна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Или... „Сте и рекле дека бев затворен во онаа ваша визба за опити со питоми зајаци?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Вратите беа затворени, а пациентите неутешно ги креваа рамениците.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Очите ѝ беа затворени.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Секој граѓанин, или барем секој граѓанин што беше доволно значаен за да биде надгледуван, можеше да биде изложен по дваесет и четири часа дневно на будното око на полицијата и на звукот на официјалната пропаганда, додека сите други канали за комуникација беа затворени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Азра прва беше затворена, но од други мотиви.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Селото Бразда, сосе селаните, до пред ден-два, беше во атарот на Свети Ѓорѓија-Горг, а сега, откако манастирот беше затворен од Турците, имотите им беа разделени на заслужните воини од битките во Унгарија и Босна, а селаните, заедно со нивите, шумите и чаирите, без едно-две, станаа кулукчари и поданици на Падишахот, потурчени насила и дури со амин од игуменот, за да не се крене поголема врева и да не се исукаат јатаганите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ама баш затоа таа отиде кај него, и тоа баш во петок, кога муслиманите празнуваат и голем дел од нивните дуќани, крај кои таа мораше да помине, беа затворени.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Но, нешто што тебе ти направи задоволство беше затворениот Пазар - каде и да шетавме секогаш имаше желба да ги посетуваш пазарите.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Очите ти беа затворени, се испружи на клупата од вагонот на метрото. Не мрдаше.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Во кулушот каде што беа затворени бунтовниците дојдоа десетина-петнаесет сејмени и доведоа двајца ковачи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Макар што немаше луѓе, ни поп, ни брави за курбани, ни брашно за погачи, ни вино ни ракија како и порано во среќно време, старците и бабите што се прибраа од збеговите пак дојдоа в црква да запалат по некоја свеќа или пак да се прекрстат пред иконата на свети Илија да ги има во раката нивните мили и драги што беа затворени во тврдината на Пешта.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Колку толку, со што се најде, особено со стари куверти, беа затворени сите дупки во ѕидовите, па огнот можеше да ги исправи пламењата, а и топлината подалеку да стигне.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Толку повеќе што Ѓурлуковци го оставија на цедило и се извлечкаа навреме дури каналите не беа затворени.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И овде, во келијата каде што беше затворен, постојано добиваше напади: некогаш дење, а некогаш ноќе, кога ќе го сонуваше она што го преживеал на фронтот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Првиот човек од кругот на семејството кој ја поминуваше границата кога таа беше затворена.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Стасаа пред Велјановата воденица. Вратата беше затворена.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Но гласот сепак беше присутен: и непознат, и лигаво интимен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И вратите што можев да ги здогледам беа затворени.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога свратив во неа како што знаете и самите случајот Симо Чардаклија беше затворен а последиците во врска со неговото судење беа веќе познати.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тие ги држеа весниците над главите, додека устите им се искривуваа, а очите им беа затворени.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Не, не“, прошепоти другиот, а очите му беа затворени.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Стоеше, а очите му беа затворени.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Не беше затворен...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Од нив си правеше големи тампони, течеше на подот...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сигурно пак беше затворен...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Си велам, нема да губам време, доста ми е мене од сплетки...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Мајка ми беше врз креветот, утепана, потресена целата, кошулата без копчиња... здолништата задигнати до кукови... си ја топеше пак ногата со крпите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Чуја селаните и отидоа во началството каде што беше затворен Бандо да го молат и да го убедуваат Бандо да не биде толку инаетчија, да попушти, да рече дека има држава, но Бандо не попушташе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Еден ден ни дојде сè до нос, ни падна жал за ваму, за фамилиите, за роднините и решивме да се вратиме назад, но патиштата веќе беа фатени: во Русија се водеше внатрешна борба и не пуштаа никого: границата беше фатена; границата беше затворена и меѓу Персија и Турција.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Долго го чекаа и тие кои беа затворени и интернирани и тие кои ноќе беа грабнувани од дома и чекаа судење или беа задушувани со обична жица и тие кои се криеја во шумите и само ноќе скришум навраќа дома.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од внатрешната страна на портата имаше две тешки железни шипки, а кога тие ќе се спуштеа тогаш портата дефинитивно беше затворена и никој од надворешната страна неможеше да ја отвори.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Лири беше затворен и осуден на триесет и седум години.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Откако беше ослободен во 1975 год., интензивно работи во полето на компјутерски дизајн.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Модрица или пак младеж се гледаше како флека на страната од едното око.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Цртите на лицето ⥊ изгледаа потечени - долната усна ⥊ штрчеше како да се бузи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Очите ⥊ беа затворени.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Влезот во шаторот беше затворен.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Како што очекуваше: продавницата беше затворена и Едо селанецот веќе седеше на талпата налактен на колениците и со главата обесена меѓу нозете.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)