бев (гл.) - задолжен (прид.)

7. Со чл. 23 од Берлинскиот договор од 1878 год. Турција беше задолжена, заедно со претставници на месното население, да подготви и да спроведе реформи и во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Беше задолжен да ги хушка кучињата што излајале по интернетот и сето тоа прецизно да го бележи во неговата црна книга со какушки за која беше дебело платен.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тие беа задолжени да состават нешто што се нарекувше Меѓу-извештај, но што беше точно тоа за што тие известуваа, никогаш не разбра сосем.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Рада беше задолжена да ги одржува во живот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Беше задолжена на својот претпоставен да му пренесува што повеќе детали за Ема, посебно за нејзината врска со мажот што ја прибра во својот дом и за нејзината евентуална вклученост во секторот на слободни асоцијации во остварувањето на целите за легализација на проституцијата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
По обилниот ручек (келнерката Цвета беше задолжена во 14 часот да му принесе топол оброк) тој се повлекуваше зад талпите потпрени на еден бор зад осматрачницата и, додека си го вадеше, песот Мурго, мафтајќи со опашката, полека ќе му се приближеше, ќе ги кренеше предните нозе и ќе ги потпреше на неговиот грб, но Гоше силно ќе го удреше со петица по стомакот, остро, на прва, со ѓон, за да не се случи нешто непредвидено, на тоа Мурго ќе заквичеше, ќе ги свиткаше задните нозе, ќе клекнеше на тревата (таа беше мека, англиска, добро одгледана и секогаш влажна, свежо испрскана), и по неа го лизгаше курот, надигнат, црвен, светнат, го влечеше по влажната трева до оградата и назад, по неколку пати, сè додека не свршеше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Круме не можеше да си ја објасни блискоста меѓу Ниротакис и Ема, иако знаеше дека тие двајцата, јас и Илона бевме задолжени за организирање на акцијата „Елитен секс“ на јахтата „Зора“ на Големото Езеро.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но, за чудо, тужбеното барање на Зефиќ беше одбиено како неосновано, а секоја странка беше задолжена да си го сноси својот дел од трошоците!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, додека сè уште работеше во „Спектар“, таа беше сведок на тоа како фирмата, по налог на директорите, им врши градежно-занаетчиски услуги токму на инспекторите кои беа задолжени за нејзина контрола и надзор – без да им наплати за тоа, за да ако настане некој проблем за кој надлежен би бил Инспекторатот на трудот, тој проблем се реши во корист на фирмата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Охрабрена од ова барање правда преку суд Б.А., заедно со уште осум нејзини колешки, се одлучуваат да покренат судска постапка пред надлежниот Основен суд Велес и да си ги бараат неисплате- ните 20 плати [од мај 1995, до декември 1996] и 55 придонеси во ФПИОМ [од јуни 1994, до декември 1998].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Туженото претпријатие беше задолжено, во рок од осум дена, на Б.А. да и исплати вкупна сума од 108.803 МКД (1.785 ЕУР) на име неисплатени плати, како и да ги плати сите неплатени при- донеси кон Фондот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, како по обичај, по којзнае кој пат, нивниот збор нема никаква тежина и таа пак не го добива она што законски ѝ следува.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Најпосле, таа им соопштува на директорите дека дефинитивно ќе поднесе тужба, на што тие реагираат прилично нервозно – бидејќи не очекуваат нивни вработени да се одлучат на овој „радикален“ чекор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
До донесувањето и објавувањето на првостепената пресуда,6 во периодот од ноември 2008 до јуни 2009, одржани се вкупно пет рочишта.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Оваа колективна тужба им ја подготви дипломиран правник (М.Мишкова) од општинската канцеларија на ССМ во Велес, која и ги застапуваше во спорот. 250 А, по утужувањето, притисоците десеткратно се зголемија и секојдневното одење на работа за оваа група тужителки почна да станува вистински кошмар.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сите беа радосни. Лекарот и Марија беа задолжени за програмите што ќе се пуштаат пред пациентите.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Мајка во животот на семејството како да беше задолжена за малите нешта на историјата, за лебот на денот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во една од училните сѐ беше поставено: Илина, Сафета, Бедра и Менка беа задолжени за ужината.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Таа како да беше задолжена да ја одржува семејната гравитација во родното место, а Татко семејната рамнотежа ја гледаше токму во поместувањето на семејната гравитација.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Беше задолжена за тешките случаи и две затворени жени умреле задавени од нејзините раце на поларна мечка, извежбани до уметност за убивање од невнимание.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
За да заспие првата вечер, мораа да ѝ вшприцаат средство за смирување.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)