бев (гл.) - загрижен (прид.)

Особено беше загрижен Мусли бег.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Султанот во Цариград беше загрижен...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Сите на беговата кула беа загрижени и молчеливи.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Како и секојпат, така и четвртото утро, раното стариот бег излезе да прошета низ дворот и да ја растера маката од старата душа.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Со прекини, во текот на целиот тој ден беше загрижен поради нив.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во обете семејства, сопругите и децата на несудените балкански ориенталисти, беа загрижени дали воопшто ќе заврши ловот по старите ориентализми во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Колку и да настојуваа Татко и Камилски да ги убедуваат своите сопруги дека работат за иднината на нивните деца, тие стануваа уште позагрижени да не ја жртвуваат нивната сегашност!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И тој како и Татко за албанскиот јазик, полиглот на источните јазици, владеејќи го одлично османскотурскиот, новотурскиот, арапскиот, потоа францускиот, италијанскиот, делумно германскиот, беа загрижени за иднината на своите јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кифер можеби не го измени светот, но тој му даде на секого кој беше загрижен навестување зошто и како - и кон каде - светот би се изменил.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Инаку бев загрижен.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тоа не беше непријателски поглед, но очевидно беше загрижен поглед.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Она поради што тој беше загрижен беше тоа што ниту едно друго животно не се појави на сцената за да ја замени змијата, да биде како приковано за земјата, како претставник на натприродната сила, создадено од крв и месо, кое ќе го заштитува неговото домаќинство.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Беше загрижен. Се плашеше дека за претставата на еден од националните театри во државата нема да има публика.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Веќе увидовме дека пред да се реши на овој чекор за судска заштита, Авдиќ неколку пати добронамерно се обиде да воспостави контакт со директорот, меѓутоа наиде на арогантен, крајно непрофесионален, дрзок и игнорантски однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Директорот, барем навидум, воопшто не беше загрижен кога дозна за покренатата судска постапка против фирмата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Особено беше загрижен за деда си, кој веројатно сега се чувствува највиновен, па е и најнесреќен.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И ич не беше загрижен дали работите на уредувањето на гробот на Борко се одвиваат брзо.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Погледот и беше загрижен, очите насолзени, ама зрачеше со некоја недефинирана енергија...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Умре ли некој?
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Не, не бев загрижен, а тоа се должеше на мојот карактер секогаш наклонет кон природните потреби на поединецот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Впрочем и јас, во минатото, на сонот му давав предност, иако потоа, при првото будење, па и тогаш кога будењето ќе се случеше во никое доба, не се стеснував да му се навртам на првото лапало што ќе го напалав во темнината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сега освен жената, беше загрижен и доктор Миха.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Чанга беше загрижен за нејзината судбина, макар што волкот сѐ уште не се појавуваше пред нејзините очи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Изгледа тогаш Трајчеица сѐ уште не беше зацапана во генералот, или уште беше загрижена за чистотата на своето име во идната живеачка како вдовица, па не сакаше да дава поводи за озборувања и други какви било приказни.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)