бев (гл.) - завиткан (прид.)

- Вчера главата не ти беше завиткана во чалма, се издолжил еден зад престарениот Доце Срменков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Брат ми ја крена раката да поздрави; едниот прст му беше завиткан, другите четири прсти му беа свиткани и така, со испружениот показалец и раскрвавеното марамче околу него, мафташе во воздухот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Вчера, кога ви гореше куќа на ридон, тоа ми го кажавте. - Гореше моја куќа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пакетот беше завиткан во хартија од вреќа, а подврзан со веќе употребено ортомче, така што генералот претпазливо го одвиткуваше како во него да можеше да биде скриена некоја експлозивна направа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Секогаш потоа кога ќе се сетев на разделбата и на раскрварениот прст на брат ми, помислував на неговото дело “Мојсеј и монотеизмот”, кое во ракопис пред заминувањето ни го остави нам, на своите сестри, веројатно плашејќи се да не го изгуби својот примерок од ракописот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Главата му беше завиткана во бело.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Лете Ристос си игра со дечињата во дворот Полни ведро од бунарот Ги полева како цвеќенца другарчињата Навечер собира светулки со нив И се тркала низ покосената ливада А кога ќе заспие во тревата Кога ќе порасне во сонот Кога ќе заприлега на момче Од ридовите на летната ноќ Ќе се покаже Дева Марија За да си го прибере Исуса И го засолни Во ѕвездената постела на светото писмо Ние така заспани во трева И не ја видовме белата шамија во која беа завиткани клинци И не чувме како одѕива во ноќта Некој дури ни го ковеше крстот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Двајцата беа завиткани од змијата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)