бев (гл.) - женет (прид.)

Таа не помалку од Крлета се оневесели, не помалку ја заболе таа боцка, но бидејќи беше тука топраклија место Крча, таа одговори: — Ако сакаш да знајш, жено (во моментот Доста за Неда беше жена, а не мајка) тој ниту беше женет ни армасан, та затоа ни се оджени ни се одармаса.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Иии! Големо чудо ти кажал! Се женил човекот и се одженил. Нити беше женет, нита се одженил.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Ами ако не беше женет Крсте, него да си го земе?“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Софи јас бев женет, во брак бев многу кратко време... .
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Бев женет три пати порано, но сега за прв пат сум толку среќен што сум женет“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Па добро, кога ќе станеш стар, не можеш а да не бидеш смирен, но таа секако ми го измени животот“, рече тој.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
А не беше женет. „Жени се...” му велеа луѓето. „Не седи сам...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Од каде воопшто тој знаеше дека тој беше женет?
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во тоа време адвокатот Филип Трајковски имаше четириесет и три години, не беше женет и не планираше да се жени велејќи дека уште е млад.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Но при секоја од овие загуби неговата душа излегуваше победничка.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И длабоката изгубеност во која Толстој ќе се најде траеше долго време, дури и кога беше женет и татко на семејството за што тој раскажува неколку страници подолу: Јас морав да ги кријам врвците за да не се обесам кога минував помеѓу креденците во мојата соба каде што ќе се најдев секоја вечер соблекувајќи се, и престанував да одам на лов со мојата рушка за да не се обидам на најлесен начин да се ослободам од овој живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кажете ми, мили еленчиња дали некогаш бев женет?“
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Сетете се, во тие години јас веќе бев женет, а вие, заедно со вашите другари ме викавте деденце. Нели?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)