бев (гл.) - друг (прид.)

Работата беше друга. Тој требаше да појде во училиштето пред Неда, за да може тој да ја дочека, а не таа него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во дното на чистата детинска душа тлееше желбата да го гледа, да го слуша, да е секогаш покрај Него, но стварноста беше друга.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но тоа беше друга тема...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тоа си беше друга, голема историја, тешка за разбирање.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тогаш проценките од некои другари беа други.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со текот на работата увидоа дека нивната мисија беше многу посложена и покомплексна отколку што ја замислуваа на почетокот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пред Татко беше друг човек, кој стануваше похрабар, порешителен, вистински европски демократ од лева ориентација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко беше друга природа, битките со егзалтација и разочарување, остануваа невидливи, се одвиваа длабоко во него.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како да беше друг Камилски кога полетуваше во лов на химери.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Скокнав исплашен: но тоа беше другата врата, од другата страна на скалите: Емилија ја отвараше. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 142
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Но неговиот живот беше друг живот...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
ПРАЗНИ СТРАНИЦИ
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ние веќе не бевме тоа што бевме. Ние бевме други луѓе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Те имав и тебе. Сите вие бевте други луѓе, а Јани ве заменуваше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Круме имаше проблем со хемороидите, но главниот проблем беше друг.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тоа не беше друга, честа и здодевна приказна, затоа што мачката беше жива.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Се поздравив набрзина и со трчање отидов во училиште, зашто беше доцна, без да разберам која беше другата жена со тетка Рајна и што бараше кај нас.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Дојдовме попладнето кога беше друг продавач на одделот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Одеднаш тој беше друг човек, буден и подвижен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Како секој ден да му беше друга песна – некои утра беше замислен и благ како балада, понекогаш беше страстен и жесток како рок, за другото утро да биде суров и остар како панк.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Да беше друга жена, тој сепак не ќе се оженеше со неа, размислуваше Ѓулсиме.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тоа сепак беше друг свет и во него страдањето не е вака јасно и чувството за некоја одговорност и мачењето на некоја свест е само една млака потиснатост што дури и не постои.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Браќата беа друга приказна - тие беа постари, пет мажи во фамилијата кои од многу рано се бореа за сопствената егзистенција и му помагаа на татка си да го развива бизнисот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Не беше друга. За мене тоа беше прва и најпрва работа на светот во тој момент.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Најпосле, дури четвртиот ден од заминувањето за Алма Ата, Ивана се јави.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На мое место да беше друг ќе помислеше дека е тоа сениште, та или ќе побегнеше или ќе му ја залепеше секирата на тилот. Јас не.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ова беше друга бура.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Додека се појавија сватовите Милка и Пелагија се префрлија во спалната каде што беа другите моми на Роса со внучињата Венко и Стојанчо и Пела, која, завлечена од нив двајцата и од нивната неконтролирана игра, заборавила дека треба пристојно да се однесува, особено кога се во туѓа куќа на гости, ама неколкуте прекорни погледи на мајката ја смирија и за кусо време ја снема од спалната, се смести крај бабата Перса и внимателно се вслуша во разговорот што го водеа бабите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Но тешко ќе ме разбереа. Беа други луѓе во министерството, други генерации школувани дипломати.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се разбира дека имав свое толкување.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но ние веќе добро го познавме нивното мекање. Ова беше друг глас.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Градот без Чанга беше друг град.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но овие беа други времиња, времиња на слободата, па толку војска, полиција, со палки, со штитови.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Аха, а кој беше друг со тебе?
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Сега чиниш како да се стуткала во себе. Минувам под неа, ги кревам угоре очите и гледам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Беа други времиња кога работев на изградбата на Ајфеловата кула.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но сега беше друг сон. Ѝ се доближив. Ја бакнав.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа, впрочем, и му се слу­чило во младоста, кога морал да замине, кришум, кон Цариград и, притоа, да мине повеќе граници. Но сега беа други времиња.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но сега беа други времиња. Друга нафака, како што велеше Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во други времиња, да беше жив Татко, ќе беше вистински празник за неговата душа, а и Мајка немаше да го крие своето љубопитство, својата возбуда. Но сега беа други времиња.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)