бев (гл.) - дебел (прид.)

Богаташите беа нарекувани капиталисти. Тие беа дебели, грди луѓе со злобни лица, како она на сликата на спротивната страница.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мачорот Сурко беше дебел, глупав мачор, вистинско чедо на својот мрзлив сој.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Вратата беше дебела и струпосана од лишаи и мов, од дебели и ’рѓосани брутови.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Таа можеше да ја почувствува топлината и силината на неизговорената љубов на Даниел, и нејзината љубов ќе беше целосна ако нејзината болест не беше дебела сенка врз тој светол пејзаж.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Исфрлањето на снегот му беше многу потешко одошто во почетокот, но за среќа - снегот што беше напаѓал преку ноќта, не беше дебел. Ги пушти говедата на вода.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Штиците на подот беа дебели, така што не крцкаа премногу под нозете.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Беа дебели, сурови праќе од бука, два, по еден од секоја страна вдолж по неговото тело.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И така од секогаш било! Таква му беше природата!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ми објасни што сака... „Мускулите, Фердинанд, без памет, тоа не ти е ни коњ!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Куртиал не беше дебел, туку живо и кусо, набиено човече.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И баба ѝ на Дора беше дебела, но не толку страшна, затоа што повеќе се смееше и си разговараше со соседите.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Прво што забележав беше дебелиот, мек килим.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Мислам дека нешто не е во ред со шолјата, - ѝ реков на тетка Олга.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во малиот и несреден двор, пак, влеговме низ една искривена железна порта која со чкрипењето навестуваше дека некој доаѓа, па уште пред да си го изодел каменото патече кое водеше до влезната врата, тетка Марија стоеше потпрена на рамката од вратата и го зафаќаше скоро сиот хоризонтален простор од што беше дебела.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Таа ја јадеше и кожата од пилето, па затоа беше дебела, со огромна цврста гушка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Па сепак, - рече таа и направи мала пауза, - лута ти е од пред малку кога ја згазна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сигурно, си реков, цревата ми се мрзливи и им треба малку фискултура да ги размрдам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ќ и неговата љубена беа дебели. Можеби затоа луѓето наоколу зборуваа дека Ќ станал месечар откако ја бакнал за прв пат. Или можеби не.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)