Те извајав од злато, те обоив со боите на животот, а пак ми беше далечен и недостижен, не можев да те допрам и видам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
А кај Славица врската меѓу овие две убавини беше далечна како небото и земјата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Полека сфаќаше: неговиот подвиг во паркот со мускулестиот Мирон беше далечен, се забораваше, а двајцата мали сектанти бараа докази за својата вера.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ах, колку беше далечна додека ја немаше.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Во тој миг му беа далечни најмногу со тоа што не се покриваа и не замолкнуваа, кога тој нивни разговор беше сиот изрешетан од она.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тогаш дури и јас го замразував, ми беше далечен, туѓ.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Малечок некој мирис, како да беше далечен.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
И таа мислеше дека наутро, кога ќе станеше прва и потоа ќе влезеше во собата на брат ѝ, сѐ мирисаше на него и на неговата коса.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
А другиот дел на истото семејство, на кое бездруго и јас бев далечен потомок, низ многу, многу генерации остана небаре да вечнее крај морскиот брег со довикот кон своите, на другиот брег, со надеж дека судбината еден ден повторно ќе ги зближи.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)