А сѐ беше густа темница, бескрајна ноќ.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Зелената лочка беше густа и не ја одразуваше сликата на коњот.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Пред неколку години при копањето на темелите за да се прошират манастирските конаци, се најде ќуп со вино убаво запечатен со глина: виното беше густо како мед; мајсторите што ги градеа конаците, им рече отец Серафим, а и калуѓерите, земаа по една лајца, го раствораа во шише со вода и пиеја; тоа делуваше опојно и им се чинеше дека лебдат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Го чекав, со по некоја мисла што ми заминуваше и се враќаше, а беше густа и леплива, како летното пладне, и не можев да ја расточам.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Знам само дека, кога почнавме да се спуштаме, под нас најпрво забележав густи шуми, а од што беа густи изгледаа не како да се зелени, туку беа модри, темни, како што е водата во Охридското Езеро ако се оди во длабочините со чамец, ама секогаш по малку се плашам кога ќе се оддалечиме премногу од брегот.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Се гледаше дека тој дел од паркот никој не го уредува и не го негува, туку дека ѝ е препуштен на природата.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Дрвјата и грмушките беа густи и диви, тревата висока, да не речам колку нас, и таа сета задивена како човечка нога да не стапнала со векови.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Темничината беше густа и слегната во неговата одајка.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Косата и беше, порасната до половина прст, но беше густа и исто така црна и светликава.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Еден со друг не можевме да се видиме. Толку беше густа.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Стрмолокот од оваа страна над патот беше густо обраснат со букова шума.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Се поместив наназад затоа што од грчевитите притискања и тегнења на тетка Олга наоколу летнаа неколку капки, а кога го спуштив долу погледот, видов како влагата се шири по теписонот во вид на темна трага, го опфатил просторот под босите прсти на тетка Олга, а тргнал и накај мене со намера да ми ги натопи стапалата, па се повлеков на сигурна далечина.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Сѐ што беше на менито пак беше од кокошка, и овојпат беше густо и цврсто, неповолно за мојата и онака измачена столица.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Само се полнеа а никако да се испразнат.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Едно време почувствував дека тревата веќе не ме боцка, а темницата беше густа и црна и јас одејќи сум заспала.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Малку понатаму се затскрив, како да сум отишла по нужда и ги соблеков пантоланите, ги истресов од калта, но водата беше густа од црвената земја, ги исфрлив опинците и чорапите, па така ги облеков пантоланите.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Веѓите му беа густи и потта од челото се спушташе преку нив како преку стреа.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)