За Грците сѐ словенско беше грубо и бугарско. Со името Бугари нѐ крстија Грците и нас Македонците. Но тоа прекрстување не е единствено.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ако понекогаш бев груба и нетактична, тоа е работа на миг.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Стана и нишајќи се отиде кај блондината и кај зелениот штукавичар. „Извинете“, рече, „ако бев груб и здодевен. Можеме ли да испразниме по една чаша заедно?“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Понекогаш бев груб, дури и суров со тебе - прости ми за грубоста и суровоста, зад нив ја криев својата безгранична љубов, а срцето ми крвавеше.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Прашањето не беше смеа, беше груб татнеж.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Жандармот за него не беше груб и поради дебелите стакла на очилата личеше на жандарм.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Бев груба со мајка ми, иако си заслужи. Па, сега ми е мака поради тоа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Изгледа многу ја налутив. - И ја растажи – рече тој.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Веќе подолго време не беше нежен со мене, а сега за првпат беше груб.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Некоја темна сенка во мене ми велеше дека тој никаде нема да оди.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)