бев (гл.) - голем (прид.)

Влегувањето кај султанот беше голема церемонија.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Овде печатот беше голем и црн, со монограм Д.; таму беше мал и црвен, со војводскиот грб на семејството С.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Другата, - по име Беба, беше голема спанка и многу мрзлива.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Неколку делови од кожата сè уште му беа масни од ручекот - или можеби само кожата му беше масна и така му светеше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Домаќинот се исправи од триножецот. Главата му беше голема, рацете му беа големи, сѐ на него беше големо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе им дадеме ли нешто, пара или камен, за двоколките што ќе им останат, Доце? - Ќе им дадеме колку што ќе можеме. Сепак, и за дваесет камења, тие ќе ни доплатат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Имаше вистинска дарба да објасни, да насочи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Татко на тоа доцна се сети, но, сепак, не испушти да рече: На здравје, на здравје, мој Камилски, колку и да ни е кревко здравјето во овие години, останало малку младост во нашите души.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
-Ах, како е занимливо! - извикнувате емотивно, но не затоа што тоа е стварно занимливо, туку затоа што морате да прикриете дека смртно сте се исплашиле. -Беше голем измамник...
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тој нивни зет иако обичен градежен техничар по образование, беше голем љубител на француската култура и јазик и нивните деца најпрвин прозбореа француски.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Знам дека и бевте голем пријател на мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Стравот беше голем за друго дете...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Си заслужи еден ваков крај, беше голем неранимајко, непокорен, тврда глава, секогаш нешто важен, горд, одвисоко.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Нејзиното нетрпение да разбере било што, беше големо.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Знаеше колку за Марија тоа беше голема, неостварлива желба.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не, навистина тоа беше голема коинциденција, по сето она што се случи со пенкалцата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И бог беше голем и милослив во својата љубов за нив, не ги накажуваше и заедно со нив трпеше.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зарем заборавате дека Сталин беше големиот заштитник на нашиот насилно изолиран албански народ, кога сите нè напуштија, сакаа да нè докусурат по балканските и светските војни.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Бог ги казнувал таквите! Не рековте така?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Некогаш беше голем пушач, успеваше да испуши и над педесетина цигари на ден.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тоа беше големо радио. Повеќе хрчење слушавме отколку зборување.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
О'Брајан беше голем, крупен човек со дебел врат и со грубо, шеговито и брутално лице.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Лакот на неговиот егзил од Балтичкото Море, до ова Езеро на јужниот Балкан, беше голем и преполн со неизвесности и стапици, помеѓу животот и смртта.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Јас бев голем и се срамев, велеше татко ми.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
За него тоа воопшто не беше големо, беше нешто обично и тој ретко мислеше дека е поголемо од неговата катадневност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Лаката од Адема беше голема, пет кила семе бери, а бегот сака неделава да биде изорана и посадена царевка, инаку се знае, ќе го јадат остенот секој ден.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дури тврдевте дека генералот Ролан Јаковлевич е злосторник, кој веројатно ја заслужил несреќата што го снајде!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа беше голем пораз за европскиот човек и цивилизација, за сите институции создавани во текот на векови...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Денот кога ќе одлучеше од карпата да го издели каменот за обработка, за него беше голем ден, празник.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Пропадна како одгледувач на жаби, сијамски воинствени риби, свила и култивирани бисери.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Рацете ми се набабрија и не можев да ја издржам болката, па си ги пикнав во слојот мраз што се има налепено на горниот дел од фрижидерот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тоа навистина беше големата машина на Времето, ова поткровје, тој го знаеше тоа, го чувствуваше, беше сигурен во тоа, и ако тука ги допрете призмите, онде кваките, хармонските кристали, ако ја завителите правта тогаш, тогаш!
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ова беше многу одамна; сега таа и нејзините браќа и сестри се возрасни луѓе; мајка ѝ мртва.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ѕирнавме внатре, завесите беа замотани...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Наследството што ѝ го остави тој не беше големо, и добар дел од него Кети употреби за неговиот богат закоп, но сепак ѝ останаа доволно пари за да му купи камион на еден од своите зетови, за да си започне свој бизнис.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Одвреме–навреме ќе се најдеше некој амбициозен гардиски поручник, желен за ловорики, кој што ќе го подбуцнеше подмладокот на гардата да им ја растури партиската трибина или да претепаат некој сопартиец на Љупчо, но тоа не беше голем проблем.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Дедо ти Петре беше многу добар човек, никогаш не ме скара, ниту да ми подвикнал, беше голем домаќин.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Иако стадото ни беше големо, имавме и кучиња, шарпланински и обични.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Не беше голем верник, но сепак за време на големите христијански празници ја посетуваше православната црква.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Џое Алесандро стана многу популарен - а клинецот со име Џое Абањело, кој му беше помошник на управителот во Гарик Театарот, ни кажа дека забележал како луѓето доаѓаат и по неколку пати. Дури и Кенди беше голем хит.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Го паметам по трите високи тополи што растеа крај рекичката над чиј брег беше големата црква Свети Димитрија и до неа – карпата од чии дамари течеше бистра вода.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Задниот дел од поткровјето постепено стануваше Билиева област. (Били беше еден од првите Фектори- момци).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А потоа, ми ја наближи речиси до увото онаа негова смрдлива муцка и ми шепоти дека Сузи не била љубов само на Ролан, туку и негова лична симпатија била.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Неговата историска заслуга за тоа беше голема.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко тоа добро го почувствува и продолжи со шеговит тон: Фаик Коница беше голем полемичар, без периз на устата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Зарем не можела да застане понатаму, ако не ја интересирам (оти прозорецот беше голем, и дури, малку понатаму имаше поубава глетка за набљудување дожд)?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тогаш беше големо ако ти пушти некој сонце од огледалце.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мирко: Тууу. Овој беше големо кефалос пар екселанс.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
„Да, Френк, но они хибриди. На нив домати беше голем како сливи кога ја нив купил.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
За тебе Лазо, бев голема мајка а за Павле не.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Многупати учителот ни покажуваше слики, ни покажуваше и Васе лепејќи ги во колибата, или истрчувавме кога некој ќе збрчеше над полето, но ниеден од нив не беше голем како овој.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Затоа што нејзината желба да напише книга беше голема.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тоа беше голем пораз за него.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тоалетот беше голем колку една соба, а во кадата тетин ми комотно можеше да си постели и да си легне од што беше широка и длабока.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Некои племиња во Сибир трампаат неколку овци за една печурка amanita muscaria и ја користат како оргијско средство.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој што најмногу ми приоаѓаше, момчето Мане, учеше шнајдерски занает во Кавадарци, но неговите беа големи сиромаси.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Многу сакаше да одиш на Пике Маркет, тоа беше големо задоволство за тебе, ти којшто дома имаше многу книги за риболов, а и беше страствен риболовец.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Празникот Свети Преображение беше голем ден за селото.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
За Камилски, којшто имаше намален капацитет на консумација по операцијата на стомакот по ослободувањето од Голи Оток, ова беше голем предизвик, но не сакаше да биде под нивото на настанот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше голема и одлична креаторка. Сите многу ја почитуваа и слушаа.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Може ваперот ти ја мрднал секирата, му рече и наместо тутун на прстот му врза изгорена човечка коса. А татко беше голем мајстор за делкање.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Откупував пасишта таму од беговските чифлици и плаќав дури до двесте турски лири, ако пасиштето беше големо.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Беше Голема света Богородица. Ова време. Јас се надевам стројниците да ми бидат од Панда, а тие да ти бидат од Горнени, „е ме барале да ме земат за невеста!
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Сезан (Cezanne) во тоа време беше голем човек.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Работев со Бен Хехт кој често ги консултираше славните психоаналитичари.” •Каква беше смислата на отворањето на вратата при првата прегратка на главните јунаци? •Хичкок: „Го замолив Бен да пронајде симбол во психијатријата што означува раѓање на љубов помеѓу мажот и жената, и тој ја пронајде вратата.” •Зошто за делот со сонот му се обративте на Салвадор Дали? •Хичкок:„Кога дојдовме до сцената со сонот, сакав потполно да прекинам со традицијата на филмските соништа кои обично беа магловити и нејасни, со екран што трепери итн.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Невена беше голема во душата со широка насмевка, со лик како светот да го гледаш на нејзиното лице. Убавите јаболчници потсетуваа на баба и Трајанка.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Основните креатори на овие политички системи беа големите сили, кои во историскиот момент на нивното дејствување се сметале за „големи“, влијателни и супериорни сили во меѓусебните односи со другите држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Зар требаше да им се вели дека чунот беше голем мост на добрината кој во тешки времиња ги поврзуваше бреговите, луѓето?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Таа беше големата и вистинска љубов на Генералот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Бевме само ние двајца внатре, од дванаесет порано, четиринаесет дури...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но неколку години подоцна, кога се разведуваа, таа му рече дека кога биле кај златарот да купат венчални прстени, таа се издвоила за момент додека тој ја проценувал вредноста на двата прстени и незабележливо, земала еден рачен часовник. Оваа девојка беше голема убавица. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 185
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Откритието дојде подоцна: касата беше голем божји суд без горен покрив, полесно можеше да се излезе отколку што се влегуваше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сега таа беше голема, убава срна, со мазни, кафеави влакна.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тестирање Во градот Инглвуд (Њу Џерси, САД) се наоѓа седиштето на корпорацијата Pre Testing Company, водечката американска компанија за тестирање на сите видови креативни решенија за економската пропаганда.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Момчето беше голем уметник, способен постојано да измислува нови комбинации и специјални климакси, а некои беа „ноти“ од сферата на Непознатото, со паузи, привидни дисонанци, ноти кои ненадејно се пробиваа една со друга и прскаа заедно, со вчудоневидувачки, врел и сладок удар. (...) Аракнид, шоферот на Ендрју Кеиф е единствен домородец во Интерзона кој не е ниту педер ниту бузерант.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој беше голем, безвкусен, кршлив мразулец, снежен човек ставан в кревет секоја ноќ, преполн со конфетни сништа, ледени кристали и снежни луњи.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
На тоа вие веќе ништо нема да кажете, само ќе го погледнете Сухов со вџашеност во очите. 68 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Бајко беше голем итрец и, на времето, смисли итроштина, иако за тоа плати дванаесет перпери казна: го запусти лозјето, ја префрли земјата на брат му, ги закла свињите, ги олапа говедата и овците, ги грабна само суџуците, пастрмата и, едно, две, еден ден ги собра Бајко Марија и малечкиот Петрета кој изгледаше помалечок и од што беше, и се префрли во манастирот Свети Ѓоргија - Горг над реката Серава и ридот Вергин.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
За Татко, социјализмот беше голема, благородна идеја за социјална, праведна разврска на противречностите во животот на луѓето, во сите времиња, но тој стравуваше од злоупотребата на големите идеи на големите филосо­фи, во други времиња.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Со Дарко обично се наоѓаа во Кабаре Златно славејче. Ноќниот клуб беше голема визба со неколку соби и еден дрвен шанк.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Дупката што ја продупчи бомбата, не беше голема. Ама беше направила кијамет во визбата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ми беше мило што Кенеди беше претседател; беше симпатичен, млад, паметен - но не ми значеше многу што е мртов.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ја погледна и дури и самиот се изнасмеа: толку беше голема разликата!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Толку беше големо тоа негово откривање за себе, дека тој ете пак може и да сака нешто на еден ваков див и само негов начин, да го сака токму вака незаоглавено, дека не го имаше заборавено тоа ниеднаш досега и дека никој не успеал да му го одземе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Запишано е дека таа ноќ беше големо невреме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се сеќавам на времињата кога еден ваков предмет можеше да достигне и осум фунти, а осум фунти беа - па, не би можел да пресметам сега, но тоа беа големи пари.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Газдата Спиро Михаилов лично ми рече: "Твојот човек, госпоѓо беше голем мајстор.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Нејзиното трпение спрема нив секогаш беше големо како море.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа беше голема возбуда, но промената беше таква што одвај се забележуваше и ние продолживме со нагаѓањата: ќе смени сосема брзо, не ќе смени, ќе сврти на песочна, не ќе сврти.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Радоста на небото беше голема!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
И таа беше бела и Трстеник беше голем чифлик кој го опфаќаше скоро целото поле што лежи пред Билишта.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Плачот беше голем и стравот – уште поголем.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Треба атарот на дедо ми Крстина во селото да му беше голем та Јоле што си го направи тој ќеф.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Тоа беше голема глупост; прво, затоа што ние бевме извонредно подготвени за работење на височина; а згора на тоа, дури и во случај на вртоглавица, не можеше да дојде до катастрофа, зашто секој од нас беше врзан со цврст кожен ремен кој, со јаже, беше прицврстен за костурот на градбата. Двесте и педесет, двесте и осумдесет, триста метри.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Семејното, пак, летовање се знаеше: во Брајчино, на Преспа, под Пелистер.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во тоа беше големата дилема и на Татко и на Климент Камилски пред да ја започнат заедничката мисија која ја сметаа за иднината на сите народи на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пред мене беше голем, вистински, ама навистина вистински пиштол, ист како оние што ги носат полицајците во криминалистичките филмови.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ние одевме еден по еден во другата соба да плачеме, малку. Да не нѐ види.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Никнувањето на првото запче беше голем домашен настан во куќата на Никола.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Таа му вети на својот иден маж дека никогаш повеќе нема ништо да украде.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Докторот Грличков ги креваше рамињата, како крилата оние мали птици од гнездата, додека се подучуваат да полетаат: „Не знам, навистина не знам, госпоѓо, како можеше самиот да си стори толкаво зло!“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Подоцна сите ги заборавија тие почетни недоразбирања. (...) Последниот, декемврискиот транспорт, не беше голем.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Спасот, тоа беше големото дело што ќе не искачи преку ноќ над другите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Таа беше голема домаќинка, ние подоцна се намноживме, преку дваесет души. Целата фамилија таа ја водеше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
33 На сет глас викавме и со тупаници удиравме на се што беше околу нас и со нозе го толчевме подот небаре тука беше големиот душман.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И не беше голем љубопитник. Воопшто не го интересираа културните (ако воопшто можеа да се наречат културни) настани во неговото мало гратче.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
За тоа време тоа беше голема пара.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сѐ што беше големо и импресивно, доколку изгледаше релативно ново, автоматски се прогласуваше дека било изградено од Револуцијата наваму, додека сѐ што беше очигледно од постар датум, му беше припишувано на некаков магловит период наречен Среден Век.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пред очите му играше езерото, како да беше големо, бескрајно платно по кое друг, невидлив сликар постојано поминува со својата четка, му ги менува боите и дава сѐ понови и поубави тонови.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ова всушност како да беше големо охрабрување за продолжување на мојата балканска сага.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На тој начин Avia гаѓаше една помала, точно дефинирана целна група потрошувачи, и со тоа себеси се позиционира инаку од конкуренцијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Петка Римјанка Параскева Болката беше голема нивните срца не издржаа умреа млади си оставија чедото... остана Св.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Стогот беше голем, а иглата мала.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Единствено место од кое можеше да се влезе во пространиот двор беше големата дрвена порта.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Она што навистина ми пречеше се телевизијата и радиото кои ги програмираа луѓето да бидат тажни. (...) Неколку месеци подоцна дознав дека зградата на компанијата за куки и јажиња ќе биде раселена, па затоа во ноември најдов друго поткровје каде Џерард и јас ја пренесов­ме целата опрема - платното, боите, четките, ситата, работните плочи, радиото, крпите, сѐ - во новиот простор кој наскоро ќе стане Фектори. (...) Фектори беше голема околу 20х30 метри и имаше прозорци свртени кон југ.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоалетот беше голем и до Александар допираа само делчиња од разговорот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Всушност таа ми има речено дека сте дамнешни пријатели? – Го реков ова а притоа бев свесен дека овие зборови требаше да бидат еден вид благодарност поради неговото заземање околу нејзините очи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Бродовите беа големите, променливи украси на пристаништето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Хичкок: „О, тој инцидент со бомбата беше голема грешка.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тогаш размислував така. Денес знам дека тоа беше голема грешка.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Настојував да ја споделам доверливата и интелигентна добрина на мојата читателка колку што беше голема мојата моќ.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во тоа Татко го гледаше чистиот континуитет на јаничаризмот, колку што беше голема немоќта да се открие вистинскиот континуитет кој одеше кон обединувачка апотеоза на прекинатите развојни линии, при што зајакнуваше илузијата кај новите победници - да го наложат погрешниот континуитет кој почиваше врз утописки основи, за да го достигнат, вистинскиот, органскиот континуитет.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
За некој однадвор, што ѕирка во овој свет од градини, што беше голем два акри и беше опкружен со ѕидови, кои беа обраснати со бршлен, и со жива ограда и дрвја, тој не значеше ништо, но за Милан беше изобилство од интереси, од кои поголемиот дел беа негова сопствена креација.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Повеќе сум судија отколку што си ти челник.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но и понатаму тешко се живееше. Давачките за државата беа големи, ништо не можеше да се купи без купон, а сите не добиваа купони.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тука, велам, беше големата дрвена порта, од внатре затворана со дебел лост, зад неа дворот, таму беше фурната, ваму скалите што водеа до вториот кат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сухов однекаде ви доаѓа од зад грб и ви зборува со таков тон како да ви прави услуга: -Овде почива правот на Михаил Матвеевич Херасков, угледен поет од епохата на дворските преврати...
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но козите, козите беа голема пречка на патот кон комунизмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Насекаде наоколу беше Големата вода, се колнам, тоа беше единственото што ни остана од животот во домот. Што можевме поголемо, поубаво нешто да имаме?
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
-Да, да! - потврдува Сухов. -Беше голем измамник Михаил Матвеевич, што се вели, од главата до петиците.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Задното седиште беше тесно за да не собере сестра ми и мене, ама сепак удобно и топло.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Газда Ѓорги беше голем домаќин и сите го сакаа или ако ништо друго - почитуваа. 5 „Петре, Петре!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Беше голема и бела со жолти, нерамномерно распределени дамки, додека стомакот ѝ беше особено дебел и виснат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Живееше во грда, сива двокатница на крај град како жител број 8, во некаков Нојов ковчег пред кој беше голем куп на различни отпадоци (горди Хималаи) и зелена густа бара (Венеција, чао) *
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Те држев во пазувите. Уште те доев, макар што беше голем за тоа. Ама јас така правев и со другите деца.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И покрај тоа што тетка Олга како постојано да беше лута, тетка Марија не престануваше да биде расположена и весела, што дополнително ја иритираше тетка ми Олга.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Скокна и како што беше голем, речиси ја извлече Душка од столот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа ни беше голем пријател.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
За неа и за сите чифчии беше голема чест да влезе во нивна куќа бегова посестрима.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Штета што се случи она што не требаше да се случи“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Можеби војска не беше многу, беа пет или шест партизани, ама стремежот народен беше голем и радоста беше уште поголема затоа што, ете, си има своја војска...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А лагата тогаш ем беше голема, ем направи голема штета.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Колку беше големо ова дрво пред нашава куќа, прашав бидејќи бев утврдил дека веќе не се сеќавам, но скрив оти мојата сенка шеташе по неговата гранка. Оревот, праша татко ми?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
8 Три дена подоцна, беше големиот ден – модната ревија на најпознатата белградска модна креаторка Исидора Перуниќ, завршена ученичка на најпознатата школа за мода во рамките на школата за убави уметности во Париз, за сезоната есен-зима 1938/39 со секојдневни и вечерни тоалети.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Тоа беше голем чекор и според мене многу позитивен.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Брат ми Блажо доби ќеркичка и многу сложно живеевме, иако бевме голема фамилија.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Овие фотографии беа репродуцирани како илустрации за реклама во весникот, фалејќи го измислениот лик „Редуко“ и гледачите многу добро можеа да ја видат оваа реклама како и мене лично кога Вилијем Бендикс ќе го рашири стариот весник кој го закачивме на бродот. Таа улога беше голем успех.“
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сето тоа беше голема претстава и денес веќе не може да се повтори бидејќи војната на ова подрачје и војната во Чеченија се долги и конфликтите не можат да се збутаат во директен пренос.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Неизвесноста беше голема и тоа создаваше причина за напнатост дома, а најмногу кај него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Една од школките беше голема, бела, со бодливи израстоци и широк отвор устинка што се стеснуваше и исчезнуваше во телото на школката.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Вистина е дека ни беше голема просторијата за спиење... А сега огромна...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Ти бездруго беше голем човек и доктор, не ми треба ништо од нив“.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Така, изненадувањето зошто повторно некој ми зборува за неа, беше големо.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
После преседена цела недела дома, искушението да се биде нелојален кон традициите на благородниот земјоделски труд беше големо.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
„Тој беше голем фаталист.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Клучот беше голем, тежок, на места рѓосан од долго неупотребување.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
На Рада ѝ беше чудно што бременоста и течеше без оние вообичаени гадења, што жените секогаш ги спомнуваа; немаше проблеми, а апетитот ѝ беше голем. Јадеше не за двајца, туку за тројца.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
" Првиот удар беше голем, тежок, болен.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
А во моето детство, во онаа немаштија од пред четириесет и повеќе години, да скршиш нешто беше голем престап.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Да бидам искрена, разочарувањето беше големо.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тоа беше голема експлозија на тишината, по внатрешните немирења, безизлези во татковата внатрешна суштина на животот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
За мене тоа беше големо изненадување.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тука пристигаа и заминуваа, се празнеа и одново се полнеа бродови, донесуваа и однесуваа производи, лични и трговски добра, но и луѓе, судбини, надежи, пораки, усно доверени вести и епистоли забележани со писма кои се читаа, се пишуваа, но и се испраќаа на сите можни страни на морската шир.  Карер го сврте погледот кон разбрануваното море над кое се пластеа сиви облаци.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Проклет да бидам, стравот беше голем.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тоа беше голема надеж, но не се решаваа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ги одбегнуваа стрмните спуштања, заобиколуваа преку градината, носеа уште работи... овој пат тоа беше големата чистка, стругањето, последната метла...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тие три збора во еден момент Круме Волнаровски ги продолжи во „така сакаше Шефот“ (или така можеби мене ми се причини), но веројатноста дека јас тоа навистина го слушнав беше голема затоа што често, во отсуство на цврст факт во кажувањето (си го толкувам тоа како професионална деформација) ние го спомнувавме Шефот непосредно слушнат во наложувањето на обврските, иако никој од нас не можеше да биде блиску до него, а уште помалку близок со него.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кој сака, може да си оди дома.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
За него тоа беше голем грев.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Амбасадорот Патрик Крисман, како во Македонија, така и во Албанија, според сведоштвата што не престануваа да се рластат и кога тој беше заминат од овие земји, остави незаборавни впечатоци на голем човек, кому мисијата на дипломат на својата голема земја, му беше голема рамка да ја искажува големата хуманост во времињата кога овие народи страдаа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Успехот беше голем.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Првиот транспорт беше големо доживување за персоналот на болницата. Одамна се подготвувавме за ова.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ролан беше голем преварант! Не рековте така вие самите, Иван Степанович?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Проклет да бидам, смртно ме исплаши таа глувост. Водата веќе беше влезена во мене, се колнам, таа беше голема, најголема.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сѐ си мислам дека треба да се случило нешто внатре во семејството во кое мракот беше голем и стануваше сè погуст...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И за нас беа големи, а камоли за помалите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Само Ернест никогаш не заигра: тој беше голем.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Капарот што ни го пратија не беше голем.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дворот на Прифатниот центар беше голем, имаше три нивоа изделени со потпорни ѕидови: на првото ниво беше главниот влез со објектот за сместување на жените и малиот ресторан, на второто ниво на двете страни, под високите ореви се наоѓаа приземни лимени магацини, а на третото ниво, на самиот врв од заградениот простор со талпи, на работ каде што започнуваше боровата шума, беше поставена мала барака, позната како осматрачница.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Го паметам Кошевски; ќе слушнеш за него некогаш можеби сешто, но тој беше голем патриот и вистински човек. Дури и единствен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Иако бројот на испиените чашки не беше голем, квалитетното вино и танинот кој му ги триеше непцата ја завршија работата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)