бев (гл.) - глув (прид.)

Уште на пет чекори пред општината, а Дуче веќе чука со двете големи вретена на него: дангара, дамбара, дангара, дамбара, — мава Дуче колку што може и не може и знае дека далеку се слуша неговиот барабан, иако сам ништо ве може да слушне, бидејќи беше глув на двете уши.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ластовицата чукаше, викаше, молеше, но бездушникот, дембелот Џивџик беше глув за нејзините молби.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Нојовиот ковчег, опустошен од кратковиден сон на луѓето во него, беше глув за далечните возови, за нивното пропнување пред скок во неипитаната ноќ.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Најзабавен на Еда му беше Глувиот, Марко Кравата, еден провинциски бистар мангуп од Гевгелија кого војниците го завикаа Глувиот затоа што тој симулираше дека е глув.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А тој беше глув и не беше како многуте глуви јак и спремен да го одбрани своето постоење. Сѐ. Почеток и крај. И пустош.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Претпоставките се како глуварчињата. Немаат ни тежина, ни пат“. Но Рајна како да беше глува.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но тие беа глуви за плачењето на сиромашните, за болката на обоените, за исмевањето на младите, предупредувањата на нивните поети.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но ние нема веќе да зборуваме на овој суров јазик.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Поклонувајќи се само на силата и на парите, тие ги слушаа само силата и парите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)