бев (гл.) - главен (прид.)

По ова, во септември 2002, таа направи и повеќе обиди да го разубеди директорот и правната служба за незаконитоста на одлуката – преку усни и писмени барања, но сето тоа остана без никаков ефективен одговор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој игнорантски однос и каприци- озноста на раководните кадри го предизвика нејзиниот оправдан гнев и беше главниот мотив таа да размислува за поднесување тужба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено работата беше главниот ’рбет на нејзиниот живот, ’рбет врз кој се држеше сето друго меко ткиво.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ова го кажувам од едноставна причина што: тие што живееја убав живот беа главната причина за продолжување на раздобјето на транзицијата.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Колата немаше ниту огради од двете страни, на тоа послужија попречно наместените пет- шест трупци земени од тие што беа главна содржина на товарот....
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Не минаа ни три дни, а недостигот од козјо млеко беше очигледен: образите на децата веќе беа бледи зашто млекото од козите беше главната, ако не единствената храна на многу семејства во Козар маало, во градот, насекаде во пасивната сиромашна јужна република, која мораше веднаш, небаре по наредба да доживее брз индустриски развој.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Неговото сомнение јас требаше да го земам предвид, зашто тој имаше искуство, беше главен копач на гробови.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Така Ташко беше главен и третиот, и четвртиот, и петтиот час.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Да ѝ бидеш добар брат, а таа да расте, да дочекаме ученичка да ми стане.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Па ова е голем настан. Сестричка не се раѓа секој ден. Честито, Ташко!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Го фрлија народот во нерамна борба, сега ќе ги плаќа нивните грешки, ќе страда до страдање.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ќе си ја земиш ли ти таа грижа со твоите Анадолци да ја свршиш уште таа работа? — го праша Дургут Бахтијара, што требаше во исто време да значи и заповед за акција, бидејќи Дургут беше главен заповедник на сите овие вооружани сили.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А сведенијата беа, ете, точни. Токму тука се најдуваа сите раководни лица на востаничкото движење.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Земи каменот — столчи ни та главите прво нам овде, па после оди расправај се со Борисовци, Перевци, Петревци и Тренковци твои — му одговорија Иге и поп Пано во еден глас и ги нурнаа главите ничкум, небарем тие беа главните виновници за несреќата што ја постигна нивната Беловодица и сите други села во Македонија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Игралиштата за баскет зјаеја празни, а во вечерните часови кучињата скитници беа главните актери на темните маалски улици.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Раздели па владеј беше главното мото и на чика Суруш, кој со децении го применуваше во сите земји.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Речиси месец дена градежната афера беше главна медиумска атракција во државата.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Денунцијациите, од секаков вид, беа главната храна на полициските досиеја.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
По тој повод заедно со ингениозниот андерграунд поет Mars So го стартувавме -” The Drogerash scienthific, degeneric show of Volchar & Coala” - радио драма која одеше на брановите на канал 103 во времето кога Велечасниот Путица беше главен.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во тоа време гравитиравме околу Галерија 7 - која беше главно собиралиште на сите анархисти, параноици, SF-фрикови, луди поети, софистицирани криминалци, дегенерирани академци, филозофични еснафи, локални мутанти, несфатени педери и лезбејки, дрогераши, идни министри, префинети заводнички, евтини проститутки, агенти на CIA, опозициони заговорници, шизофрени мистици, подздебелени циници, фантомизирани кавгаџии, трговци на ситно, дилери со дрога, забегани научници, еротизирани тинејџерки, егоцентрични рокери и турбулентни панкери, кодоши на Удба, просјаци и по некоја заскитана кокошка од соседниот двор. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 24
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ние постарите имигранти живеевме и се боревме низ еден период кога казанот за претопување беше прифатлив феномен, и американизацијата беше главна тема во американскиот живот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се гледаше така, долго, заборавајќи на својата жед, а тоа беше главната причина, што со трчање дојде до езерово, оглувувајќи за рикањето на бикот Чако, што доаѓаше од далечината и ја цепеше гората.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Никој не може да оспори дека таа беше главен организатор на сета оваа програма и многу детски искрени топли погледи на учениците беа упатени кон Вера.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Србите беа главната воена сила против Византијците. Нашите предедовци беа нивни сојузници.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
101. Бугарскиот резервен генерал Иван Цончев (1859-1908) беше поставен од бугарскиот дворец и владата за потпретседател на ВМОК и беше главен вдахновител и организатор на „Горноџумајското востание” (1902).
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Заткулисните игри околу наследството беа главна тема во куќата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ти си првиот кој ме внесе во алејата на љубовта, ти си првиот кој ми го дари првиот касај на сласта, беше главен актер и сведок на кого по сопствена желба му ја дарував својата чест.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Да - продолжи Томо, - токму ти беше главен виновник за нередот во мојава глава.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Оќете ли, докторе, да ми погледате стомак?“ - беше главното прашање на нашата друшка, која, поради нејзината дијагноза можеше да ни полни пластични шишиња со вода и да ни ги грее на сонце, на первазот од прозорецот, потсокриени со зелено перде... дел од ентериерот на просторот во кој живеевме.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тоа заедно со некоја играчка Маде ин Хонг-Конг, беше главниот трофеј со кој што се враќаш после десет дена одмор кај втората страна од привремената спогодба.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Беше главен. Моќ, целиот беше Моќ.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Толку за сега, поздрави од Филаделфија, Ташку П.С. пред некој ден бев на кино и гледав еден многу убав филм, минатата година беше главен хит во Холивуд, со најпознатите глумци/пејачи, ама му ги заборавив имињата.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Од 1987 до 1992 година беше главен уредник на белградското (Нолитово) списание Дело, кое во тој период (особено со петте дебели броја посветени на Постмодернизмот) стана култно четиво за поеманципираната публика во веќе распаѓачката СФРЈ.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Макар што мојот искрен пријател, македонскиот амбасадор Вања Тошевски, прекален дипломат, во билатералата, но уште повеќе во мултиратералата со кого се знаев од скопската телевизија, кога работев како новинар, а тој беше главен уредник, убаво ме предупреди најмногу да внимавам на шифрантот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јас бев главна на седенките, а нивните приказни за вампири, змејови и магии остануваа малку потиснати.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Со воспоставувањето на самодоволни економии, во кои производството и потрошувачката зависат една од друга, битката за пазари која беше главна причина за претходните војни престана, додека конкуренцијата за суровини не претставува повеќе прашање на живот или смрт.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За милиони пролови лотаријата веројатно беше главната, ако не и единствена причина за живот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Програмите на Двете минути омраза варираа од ден во ден, но немаше ниту една во која Голдштајн не беше главната личност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дворот на Прифатниот центар беше голем, имаше три нивоа изделени со потпорни ѕидови: на првото ниво беше главниот влез со објектот за сместување на жените и малиот ресторан, на второто ниво на двете страни, под високите ореви се наоѓаа приземни лимени магацини, а на третото ниво, на самиот врв од заградениот простор со талпи, на работ каде што започнуваше боровата шума, беше поставена мала барака, позната како осматрачница.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Луѓето од обезбедувањето оцениле дека тој пат не е безбеден, па церемонијата се одржа кај браната, а тоа се совпадна и со фактот дека Борко беше главниот за нејзината изградба, така што излезе нормално собирот да се одржи таму.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Иако нигде не е запишано како сум облечен, знам дека го носам кафениот костум, оној што го сошив во Шнајдерската работилница во Гаково од оние три метра штоф што беа главна награда на новогодишната лотарија кога ја пречекувавме оваа 1951 година во културниот дом на селото.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Иван Толстој Драмските творби не беа главни дела на Набоков.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Па тој беше главниот, како што велиш, во приказната, мил мој – одговори Мајка изненадено.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Да се достигне крајот, да се отиде до границите на моралната издржливост, со години беше главната морална мисија на руската интелигенција.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Беше крупна, црна, со мали мустачиња над усните.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Мони беше главна, ама кога требаше некој да се тепа или да се кара, Бистра ја преземаше таа улога.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Србите не заборавија дека Скопје беше главен град на Српското царство во ЏИВ век.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но тоа царство беше мултирасно и со краток век.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Косата му беше целата залижана нагоре, а големиот орловски нос беше главен декор на неговото лице.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Со денови случкта со дедо Иван беше главна тема на разговор и меѓу возрасните и меѓу децата.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Во земја да можев да пропаднам од срам, а уште повеќе од очај, зашто тој што го кажа тоа ми беше главна симпатија во тоа време.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)