бев (гл.) - врел (прид.)

Така беше. Накиснатите нозе ми беа врели.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мислев и не можев тоа да го сторам иако се чувствував навреден како мал пес со кој луѓето најпрвин добро постапуваат, потоа, без причина, го клоцнуваат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја свртев славината. Металот жежеше, а водата беше врела. И со сила не се пие.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Трепереше болен од нешто непознато и беше врел и горчлив од очниот вид.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Болеа зглобовите и спомените. Болеа до срж Никола, Марија, една продувана војна и сѐ она на што мислеше и од што мозокот му беше врел, зовриен.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Некако стигнав до мојата соба. Повторно се упатив кон чешмата. Водата повторно беше врела, преврела.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ја зедов машината за пишување и почнав, истрпнувајќи во снагата од некој студ што доаѓаше не однадвор, зашто надвор беше врело лето, туку одвнатре.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)