Беа сиромашни: Земанек се трудеше и да работи (покрај училиштето), па често одеше да помага во една кафеана; му даваа по некој денар, а тој беше вреден и со ноќи остануваше на работа.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И така само израснуваше тоа во него, грижливо криено и придушувано од неговите рачички, што беа вредни, но веќе и премногу обрастени и заплеткани во коровот на тоа проклетство; се вкоренуваше тоа темелно во него низ сончевите денови на едно цело лето; деновите остануваа лилави и без никаква виделина за ова старче високо на скелињата горе, дури не стаса и до соништата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Да беше вредна ќе успееше да го задржиш и својот прв маж.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Но Буба беше вредна и нејзините сандачиња пак беа преполни.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Ние бевме веќе израснати и не ни требаше многу таа жена, но сепак таа си беше вредна како домаќинка и беше многу културна жена.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Роса и момите преку денот беа вредни.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Томето на работа беше вредна, услужлива и ефективна.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)