И сите овчари, возрасните, беа вооружени: под гуните носеа потсечени шишиња и берданки што преку ноќ, кога ќе се вратеа во зимниците ги криеја во нивните сламени покриви.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Но затоа сите беа вооружени со по еден остар јатаган и по еден пиштол, вешто скриени во стелите од самарите на магарињата. – Врзете ги магарињата во аништата, турете им сенце и гледајте да ја продадете пошто-зашто тоа стокичката што ја носите.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Па сепак, и покрај тие ситни, а чести пакости, во него преовладуваше убедувањето дека душевните болести на современиот човек не можат повеќе да се лекуваат со малограѓанска свест, со која единствено беа вооружени психијатрите од стариот ков.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)