Ти беше укинат, отповикан: „испарен“ беше вообичаениот збор.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Синиот комбинезон на Партијата не беше вообичаена глетка во една таква улица.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Му стануваше јасно дека тоа не беше вообичаена пасија за собирање книги или поштенски марки, дури и играње покер, туку се работеше за возвишена цел.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Патот од студентскиот дом до Педагошката академија и читална ѝ беше вообичаен.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ема беше изненадена од ваквата провокација искажана низ директно прашање, што не беше вообичен начин на општење на нејзиниот претпоставен.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ема не сакаше да се троши со ветви и ефтини фрази кои не беа вообичаени во нашите меѓусебни односи.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Овие беа вообичаени места на цивилизацијата, во кои тој беше роден и израснат, и никогаш не му паднало на ум колку анахрони беа неговите верувања и замисли во средината на овие рутински изуми на механичката ера.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Таксистот го одмери Александар од глава до петици, и како да беше почестен што седи до него на совозачкото седиште, а не назад што беше вообичаена пракса при користење на такси.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Најпосле „Овоштарница“, но внатре плодовите беа вообичаени. – Постои ли во градов специјализирана продавница за јужно овошје? – Како да не! – се насмеа момичето со живи очи – Продолжете право, па по втората уличка на лево ќе избиете кај плоштадот.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
И можеби само затоа криеше во себе вознемиреност која не беше вообичаена за него во долгите години од заедничкиот живот со Мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)