бев (гл.) - буден (прид.)

Бевме будни кога се огласи познатиот ѕвон на главната порта. Мајка ми прва стигна да отвори.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Зад нас останаа изминати две илјади километри, по снег, мраз, со лизгање, убави попатни панорами, но за сето време само Коле беше буден.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој, всушност, тоа и го правеше, но ние најчесто бевме будни, ама со затворени очи, сакајќи да ја почувствуваме топлината на неговата често отсутна рака...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Не само што беше буден, побуден од секогаш, туку беше и станат, избричен, облечен во костумот со кој, со години, одеше во Архивот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Не, не синко, беше буден цела ноќ...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Иако утринските сончеви зраци продираа низ прозорчето, иако тој беше буден и знаеше дека треба да стане и да ги врши сите свои задачи, не наоѓаше сили да се извлече од леглото.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Едновремено Даниел и спиеше и беше буден.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Повторно се вовлече под чаршафот и, штом се смести на своето место и кога пак сè беше тивко, по дишењето на Даниел, откри дека и тој сè уште беше буден.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Тој многу не зборува, Кети, но минатата ноќ тој беше буден заедно со мене сè додека не го замолив да си легне.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој појадуваше и сакаше да вози до работа без брат му. Тогаш беше буден.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во новиот метеж луѓето се измешаа со своите сенки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Трчаа, тие што беа будни, кон своите волиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А оној, и кога беше буден, постојано гледаше во своите нозе и никого не забележуваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги имаше урнатините на цел еден свет во себе, со едно проклето чувство за својата бессилност за спротивставување, со еден впечаток за себе, како сега во времето додека беше буден, да се загубиле од него сите маѓии за животот, кои му ги правеле онака негови и онака вистински сите дотогашни негови денови, и чиниш сега, тука, на тоа тврдо легло, да почнала да никне на неговите рамена, по неговото лице, во неговиот поглед, една тешка тупа муцка на коњ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега беше буден. Лежеше, буден, врз своето тврдо легло, а во собичката стоеше истиот оној ден, што го виде неговиот пораз.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Помислата дека со допирот на перницата ќе долета и сонот не се случи. Беше будна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Му се читаше во очите зацртаната цел, ама не беше буден.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Па, сепак, и покрај што сите христијани во Потковицата беа будни, освен Јосифа Акиноски и Васила Митрески, и, се разбира, освен нив, Јанческите, никој друг, ниту тогаш ниту некогаш подоцна, го виде човекот што таа ноќ, во простата 1857 година, во вторникот спроти среда, помеѓу Богојавление и свети Јован Крстител, засекогаш го однесе од Потковицата Бошета Анѓелов Јанчески.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Очигледно, во нивниот речник ги немаше зборовите „Буна“ и „ Бој“.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Оние што беа будни се насобраа околу мене.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И сега, иако бев буден, пред моите очи се обликуваа од ништо или од трешерењето на воздухот суштествата од ноќните соништа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Сето тоа е кошмар од семче на изминат сон, ми објасни Жеро Жерав со мисла.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Мајка ја совлада сонот, макар што, како што велеше, со едно око беше будна, а со другото спиеше, сѐ додека не заспиеше и Татко. Тогаш спиеше и со другото око.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мислите што ги имаше додека беше буден се однесуваа главно на тие соништа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дури и кога беше буден, беше сосем неподвижен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На договорениот ден, сите беа будни од раните утрински часови. Марија одвај да беше спиела два-три часа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Средбата со Карл и неговиот престој тука, ќе покаже каков ќе биде нивниот однос. ***
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сите што беа будни го чуја гласот, ама ниеден друг глас не се залепи за него.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Најстариот брат беше буден.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Бевме будни, а под силата на замислениот сон.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Го сонував будењето, или пак можеби бев буден, кога го слушнав тивкиот познат глас на Мајка, враснат во мене уште од првите сознанија за животот: - Сине, сине премил, не гледај во езерската синевина, ќе те занесе и ќе те однесе во дното!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Беше буден. Седеше на чардакот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Таа состојба потраја долго и беше мачно бидејќи се плашев дека нема да можам да се разбудам, и покрај тоа што бев буден.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)