Знаеше ибн Пајко, манастирот беше богат, имаше добри приходи од своите ниви, лозјата, стадата овци, и од шумата.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ручекот што го приготви Дејко беше богат: имаше секакви риби: пастрмка, крап, јагула, клен, плашици... Приготвени беа на разни начини.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Просто човек во пролет, кога се видеа дивите пајки и дивите гуски, требаше да внимава кај гази низ ливадите за да не настапи на некоја седелка.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Беа богати бели партали јужен снег и којзнае како сѐ уште не се свршува таму горе и еднаш да преврнат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сопственикот на кафеаната во која Земанек одеше да помага за некој денар беше богат младич; беше десет години постар од нас, и набргу многу го засака Земанека.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А беше богата и писмена и тоа ја правеше наперната и осорна; беше и разгалена меѓу деветте сестри и единствениот брат, кој пак за несреќа, доведе за жена една божја бубалка, Паунка, од селото Булачани, која ѝ се плашеше толку на Тодора, што везден ѝ се тргаше од патот и ја направи оваа уште посурова.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Мртвиците, вировите, и блатата беа богати со риби - сом, крап, клен, мрена, штука, бојник, јагула, - а врбаците, шамачиштата и ливадите со барски птици.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ловот на јагулите беше богат, пребогат.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)