бев (гл.) - благ (прид.)

Но, на границата Германците тој ден беа благи и така сиот багаж со ракија мина незабележано.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Обично им беше приврзан на темите за кои пишував, беше благ во критиките, ретко многу критичен.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Некои беа благи, други малку закиселени, но полни лешници кои крцкаа под забите, на третите мајсторот кој ги приготвувал како по грешка да им беше дотурил горчина, но и таа измешана со мед.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сафет-ефенди сега живееше со неа како ќаја во една поголема куќа среде селото Ајдинци: беше благ ќаја, справедлив, но и во тоа не беше промената, дури ако се земе предвид дека и недоверчивите селани, ненаучени на такво однесување, ќајата што не ги искористуваше го сметаа за недоветен и глупав.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Покајнички бев благ по својот грев.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Белата Долина беше зарамнета од високиот снег, а сите грмушки и нерамнинки по неа сега беа благи бели хумки по тој волшебно мек снег.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Држењето на мачорот беше блага љубопитност што се граничеше со незаинтересираност, но кога, по една минута, или приближно толку, глушецот не мрдна, неговата предна десна шепа се спружи и нежно го поттурна суштеството.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)