бев (гл.) - бистар (прид.)

Не беше писмена ама беше бистра.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Не беше бистра, но сакаше да ги употребува рацете и се чувствуваше на свој терен кога беа во прашање машини.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа беше бистар стар ракун, кој како некој крадец ги криеше своите намери.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Очите веќе му беа бистри како кога се врати без револверот со калибар седум шеесет и пет бо уште со пасошот в џеб, со таа црвена книшка на магиска моќ да се отиде во невидени светови или на иселеничка плашлива надеж дека човекот може да најде и втора татковина.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Околу него водата беше бистра како солза.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)