Можеби нема да верувате, но и сендвичот кој Г еднаш се обиде да го изеде за ручек беше бетонски!
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Креветот, душекот, покривачот, перницата, па дури и пижамите, беа бетонски, така што беше невозможно да се заспие во нив.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Полиците на кои стоеја книгите, се разбира, беа бетонски. (За кориците на книгите веројатно веќе претпоставивте.) Телевизорот, одлично вклопувајќи се во ентериерот, беше бетонски, па се чинеше дека постојано емитува една иста програма.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Животот на Г одеднаш се промени. Не беа бетонски само зградите во населбата во која живееше.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)