Ги знаеше, или барем можеше да ги претпостави, сите докази што го потврдуваа неговото сопствено не-постоење; но тие беа бесмислени, беа само игра на зборови.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Колку само беа бесмислени нивните слепи придржувања кон она за што тие мислеа дека е вера, а всушност беа само научени зборови, извежбани движења, бесмислени ритуали низ кои минуваа по навика, а не заради духовна потреба.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Одевме така, не знам колку, оти времето стоеше во таа светлина; брзината беше бесмислен поим во тој пејсаж, во таа атмосфера на гаснење; веќе одевме кон еден од последните свиоци, пред Велес; отприлика беше некаде околу седум или осум часот, и пред нас веќе се појави мостот, а веднаш зад него тунелот; тоа беше класичен железнички мост, со метална конструкција од левата и десната страна, како коридор што веднаш се влеваше во утробата на тунелот, во неговото темно устие; и, во тој момент Земанек зад мене рече: „Гледај“. „Онде, долу“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Софтбол во црковната лига, со еден аут во последниот период, ни господ не можеше да го измени резултатот - натпреварот веќе беше бесмислен и немаше надеж за победа - а тој се залета на ниска топка на лево.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Долго ми беше бесмислена претпоставката дека геј-маж, маж кого сексуално го привлекуваат мажи, маж кој полово општи со мажи, не е „навистина“ геј само затоа што нема некое конкретно внатрегрупово знаење или зашто не му е позната некоја конкретна работа од тривиите на геј-културата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)