бев (гл.) - баран (прид.)

Дишановото творештво во целина би можело да се чита како шаховска табла на која секој пешак зазема стратегиска положба. Тоа ја појаснува реткоста на потезите и неможноста за повторување.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Беа барани сите глаголи кои асоцираат на акција, во сите можни граматички времиња, со исклучок на глаголот "сум"кој, особено во сегашно време, носеше аура на некаква пасивна, потополно неинтересна, дури и мачна состојба, во секој случај онаква од каква што всушност секој од нив сакаше да излезе.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Се најде во парадоксална состојба, уметник чии дела беа барани, а тој се задоволуваше со тоа бесплатно да им ги подели на своите пријатели, или намерно ги продаваше по ниски цени.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Многу подоцна откога јас бев кај манастирот, беше барано од некои луѓе јавно да се осудат стрелањата без суд, како што било ова овде долу, и да се кажат луѓето што ги извршиле, но не се постигна политичка согласност.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)