бев (гл.) - крај (предл.)

Зениците на мачорот се проширија, а неговите жолтозелени очи зачудувачки зјапаа во четирите раскрвавени и откинати шии на пилињата, што беа крај мрежата на кокошарникот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Денко, помагај! - извика очајнички. И Денко веќе беше крај стубелот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А и кому другему да се обрати? Само ние двајцата бевме крај езерото.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Есен е, а беше крај на пролетта кога го закопав Борко на гробиштата во Долнец. Беа шест гроба над водата од езерото, нашиот седми.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Бешир беше крај мерцедесот. Ме забележа замислен. Не му реков во кој правец да вози.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ме допрати до главната излезна порта на која стоеја неколку војници наоружани со калашникови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Грижите не ѝ дозволуваа да ја замајуват споредни мисли, снегот беше и тука пред влезот до колена, а дрвата добиени преку социјални грижи што останаа зад баба Петра беа крај оградата на фабриката, до самата куќичка на Мурџо.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Рече: - Леме, сине! Леме внученце, не ти велам збогум, не бил јас Иле Костадиноски ако не те вратам од тоа проклето место, - тоа го рече со таков глас што можеа да го чујат дури и тие што беа крај реката, како да сакаше тоа сите да го чујат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)