бев (гл.) - јуни (имн.)

Беше јуни. Методија јави дека почнал да носи материјал за гробот на Борко.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
По две седмици, се случи уште нешто. Беше јуни, крај на училишната година, и целата гимназија одеше на екскурзија во Стоби.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Му го донесоа во неговата земјанка што беше ископана длабоко во шумата во падините на Олимп. Беше јуни 1946 година.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А беше јуни, големите горештини почнаа и скоро со одушевување си рече зошто да не оди до таа Брезница, да го побара тој Едо Бранов селанецот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)