бев (гл.) - чуло (имн.)

Безброј пати на партиските собири и на спонтаните демонстрации таа викаше на сиот глас, барајќи смрт за луѓе чии имиња никогаш не ги беше чула и во чии наводни злосторства ни најмалку не веруваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со таа молитва растеа сите деца во селото, не постоеше дете, што не ја беше чуло.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Барајќи една ноќ, чула еден глас од петел до една куќа и се приближила до куќата од кај што го беше чула гласо, та побарала некоја дупка да влези во куќата и да се нагости со неко(ј)а коковчица.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Татко ми се преправаше како никогаш да не чул за него, не сакајќи да ме оддаде, а мајка ми можеби и навистина не беше чула ништо за него, иако по малку се сомневав во тоа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
19. Му верувам зошто да не му верувам на Чарлс Дарвин Дека ние коалите сме можеби најпознатата врста дембели Добро де и оние Црногорците на Балканот биле во мртва трка со нас За нив не сакам да си ја грешам душата Ама за нас коалите бев чула дека ако крстителите Немале пошироки погледи на светот И ако ги гледале само нашите навики Австралија можеле да ја наречат и Дембелија пу пу скраја да е Туф туф врста дембели А што сме мислители и сонувачи никому не му е гајле Кога секое суштество е дадено на многу мислење Нема многу време за работа Сега некој зајадлив ќе рече кој работи не мисли Или колку повеќе работиш толку помалку мислиш Други зајадливци ќе речат дека работата го создала човекот Не се сеќавам добро ама некој како да ми рече дека тоа е цитат од Маркс
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Такви огнени зборови и такво празно ветување одамна не беше чула.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)