Зар едноставно беше тоа некој мал кеиф, о, се колнам, тука беа чувствата вмешани, тоа беше некоја страшна, длабока сила.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Убаво ми беше чувството кога ќе ми ги ставеше твоите раце на мојот врат, како да ме галиш.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Но татко ми, ако имаше нешто наследено од источната мудрост, беше чувството за спокој, трпеливост, кое извираше од една урамнотежена и припитомена фаталност, со која ја смируваше западната забрзаност.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Тоа не беше чувство на блаженост, туку внатрешен немир со вкус на пелин.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Момата беше многу убава - но уште поубави беа чувствата, што таа ги лееше низ играта...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Сави, биологот, рече нешто згодно: „Во почетокот беше чувството, а зборот тука сигурно не бил.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
За миг беше чувство дека телот на Инес е толку етерично што би можел да го впие во своето тело така што на крајот да остане со нејзината облека во рацете.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Во сонот неговото најдлабоко чувство беше чувството на самозалажување, зашто тој всушност знаеше што има зад ѕидот на темнината.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)