бев (гл.) - татко (имн.)

Додека беше Татко силен и здрав, таа беше поотпорна, посилна, во притаената среќа, и поспособна да ги поднесе последиците од Татковите илузии и вознеси отколку сега, кога го гледаше занемен, отсутен, во постојана борба, во длабочините на неговата внатрешна тишина во која сѐ потешко имаше пристап...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Каков што беше татко ти – сега клекната, девојката ја подига главата на момчето во своето крило, му ја мрси косата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во едната група беше татко ми Кире а во друга мајка ми Невена.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во Брезница кираџии беа татко ми и уште двајца.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Човекот не разбра дали мајмунот му беше татко на мајмунчето.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Таков беше татко му на Орде. Тој беше сиромав човек и често одеше по другите села да спечали нешто.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Пет смртни случаи во семејството, срочени во една година. Еден од тие беше татко ѝ.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Дали во нејзината фантазија младоженецот беше татко ми, за нас ќе остане само претпоставка!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Особено откако дојде сестра ми.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Каков беше татко ми, прашуваше Слобода, со за мене многу симпатичен дијалект како што зборуваше баба ми Софка.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Но веднаш се прашувам: и да спомнев нешто такво, а притоа уште и да укажев на некоја ситница што можела да се подразбере како патоказ или упатство што води кон тој мој Човек и негов татко, дали немаше да уследи нов порој прашања?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
ТАША - Не му открив на синот со јасни и чисти зборови кој беше татко му, од каде се појави, на каде се упати и каде исчезна?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или поточно моите татковци. (Се разбира кога некој од нив ќе се измолкнеше од темнината на размислите и ќе ми пријдеше)...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Реков: - Сигурно и самите заклучивте дека во оваа игра што ја практикував повеќепати (а може да речам и често) секогаш соучесник ми беше татко ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зарем ќе можев да го задоволам и тоа додатно љубопитство со одговор што ќе беше уште понепотполн и уште понејасен?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Го сакаше не само зашто ѝ беше татко, туку зашто по ненадејната смрт на мајка ѝ пред четири години, исцело им се посвети нејзе и на двете помали машки деца.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Првпат во животот го спомна името на бога со големо Б, зашто му се врати во сеќавањето дедо му кога го спомнуваше Него, тврдејќи дека Господ оставил ред на земјата, Еден од тие господови редови беше татковците да умираат пред синовите, а не обратно - како што се случува во современиот испревртен свет.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во некоја рака, мојот прв пациент беше татко ми.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Последната училишна година тој доживеа „нервен слом”, и отсуствуваше од работа три месеци.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А кога постариот брат влегуваше во политиката, главен советник, амортизер на неговите занеси, радикални замисли, засилени реакции, избрзувања, илузии, беше татко ми...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Да беа тато или мама, верувам, дека би помогнале на некое повредено дете.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Чудно: никој од возрасните не застана барем нешто да нè праша или да ни помогне.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Знаеш, сѐ она што го зборувам за него, за Семјон, за рускиот човек што ти беше татко, кој и самиот се чудеше колку е Русин бидејќи мајка му била Украинка а таткото Козак, само е делче или така да се изразам најмалото делче од вистината за него, бидејќи тој, покрај мене помина без да го допрам; тој беше, ете, да не должам, една голема отсутност.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не знам каква улога имаше тука помајка ми, и покрај тоа што ѝ беше татко ми втор маж, таа многу го сакаше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Братучед ми Мурад се сметаше за природен наследник на тој човек, макар што на Мурада му беше татко Зораб, кој беше практичен и ништо повеќе.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Според она што го знаеја сите, ние сè уште бевме во старата земја каде што, барем според она што го велеа нашите соседи, припаѓавме.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)