бев (гл.) - семејство (имн.)

И за обајцата, вистинската религија беше семејството.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тука беше семејството, пријателите, соседите, љубителите на филмот, па дури и обичните минувачи.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Можеби, тоа само јас така го доживував и тогаш и сега!? Не би рекла!?
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
И велам, си велам јас, кога си помислувам за нив, колку повеќе нив си ги спомнувам, толку повеќе ги сакам, копнеам и болам, се топам и смрзнувам и се губам во мислата во која е собрано се она што беше куќа и сите во неа, што беше семејство и родбина, нива, лозје, градина, смеење и тажење, радости, болка и фален да е Господ Бог, затоа што се ни даде!...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Талкајќи низ лавиринтот на осамата, бевме семејство како од слика на Марк Шагал.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Да не бевме семејство во егзил, во потрага по патот на враќањето во родната земја, јас можеби и никогаш не ќе пишував.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Секаде каде што одевме бевме семејство.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)