бев (гл.) - проблем (имн.)

Го подјебаваа шо не знаеше математика, но тоа не беше проблем за да се занимава со политика.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Додуша Ратка не беше којзнае колку убава и имаше 30 килограми вишок, но тоа не беше проблем да не го делат заедничкиот кревет.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Чекај! Во што беше проблемот? Заборавив.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Но борбата за човековите права и за легализација на проституцијата беше само дел од моите активности. Во тоа беше проблемот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Влегов во мрежата за работа на црно со жените од Прифатниот центар за странци, а тоа беше спротивно на мојата борба за човековите права. Тоа ме уби.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тоа беше проблем и со Ребека, англиски пејсаж реконструиран во Америка.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Замислете само каква е разликата помеѓу Камингс и Роберт Донат во 39 скалила.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Нему ако му речеш нешто со еден збор – оди или дојди, нему тоа не му беше проблем, ама ако требаше нешто да му објасниш, тогаш тој, најмногу на втората твоја реченица почнува да се тегне – ќе ја крени едната рака над главата а другата ќе ја свитка зад грбот и туку гледаш му иде да се проѕевне и ќе се преоѕевне.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ама, не беше проблем за шофер како мене.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Што по ѓаволите се случуваше?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Што беше проблемот?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но, положбата на работниците немаше да биде дотолку лоша ако само ова беше проблем.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Не ми беше проблем да јадам на другата маса, па седнав, но само што го сторив тоа целото семејство повторно исчезна зад мистериозната врата и јас останав сам во кујничката.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Јас и Бистра живеевме во ист влез, а Мони живееше во тој отспротива.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сестра ѝ на Мони сè уште се немаше вратено од продавница, но тоа веќе како да не беше проблем.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Морав да зборувам гласно и да раскажувам приказни од конференцијата за екологисти за да го придушам бунтот во мојот стомак.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
За мене најголем предизвик беше проблемот како да се создадат такви просторни односи, во било кој момент пациентот да не мора да се соочува со преголем број на непознати лица.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Е тогаш ми стана сосем јасно дека е така.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ми беше проблем татко му.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)