бев (гл.) - претставник (имн.)

Минаа многу, многу години, но овие зборови никогаш не ми се избришаа од сеќавањето, кога и јас, барем во очите на домаќините, Тунижаните, посебно на Палестинците, бев Титов амбасадор, макар што бев претставник на Титовото претседателство кое имаше одреден рок на траење, кој сега конечно завршуваше!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Извикуваа и многумина други повозрасни без да ги знаат смислата и значењето на нашите повици. Така велеше Тито...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Што се однесува до постапките на Раде кон мене, одамна имав заклучено дека се однесува со внимателна наклонетост, иако, според неговите сфаќања, ние, луѓето од перото, бевме претставници на некоја чудна фела, недоволно дефинирана во ставовите; млитава во односите; недозволено либерална во постапките, и тоа токму во моменти кога ни бил потребен поцврст фат!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)