бев (гл.) - поттик (имн.)

Ете, токму приказната на Огнена Гулева беше поттикот истиот ден вечерта, кога се вративме со мајка ми од градот, надвор, покрај коритото со сончева вода, да водам долг сериозен разговор со татко ми Ѓурчин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тековниот преоден период (транзицијата) интелигенцијата ја лиши од чудовиштето коешто беше поттик за самоидентификација, ѝ ја одзеде силотворноста на идеологијата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
„Што е тоа што нѐ привлекува, што нѐ восхитува и во крајна линија нè раздви­жува кај детските цртежи?“ - се прашуваше рускиот симболист Лев Самојлович Бакст, 1909 година.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ваквиот животен стил, што за повеќето луѓе би бил нарушување на здравиот разум и достоинство, за Кабаков беше поттик и гориво за целото негово творештво.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
На Ѓурчина, најнапред, му го претставив однесувањето на Огнена, се разбира со мои зборови; спомнатиот разговор помеѓу неа и мајка ми беше отпечатен во мојата глава, посебно делот во кој во детали се објаснуваше нивната љубовна врска; не ја заобиколив и гласната смеа на Огнена Гулева особено во моментите додека ја изложуваше својата зависливост!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Единствен исклучок беа дадаистите за кои детството, повеќе отколку класичните естетски извори, беше поттик за отстапување од социјалните норми.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Како течеше тој разговор помеѓу вас? Ќе го опишеш? - Беше многу обичен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Замисли си“ му реков на Ѓурчина „онаа луда Огнена Гулева сонувала да преспие со тебе само за да и се роди и нејзе синче од познат главатар; зарем не те радува тоа?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)