бев (гл.) - повод (имн.)

Овој настан во дворот на мојот сосед беше поводот да се зафатам со темава бидејќи сметав дека доживувањата на мојот сосед се само епизода од случувањата што имав намера да ги изнесам на виделина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Токму таквиот вид на архитектура, која со својата рационално- функционалистичка основа ги пречекорува границите на човечноста, беше повод Хундертвасер да почне да се занимава со темата човек-станбена изградба-природа.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во писмото Грција се обвинувала за започнатата "кампања на терор, со цел истребување на Македонските Словени во грчкиот дел на Македонија поради што пребегнаа преку граница, барајќи засолниште во Југославија", а додека "стотици други беа мачени и убивани".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
LV Ориентализмот душманлак беше повод помеѓу Татко и Климент Камилски да се разгори нова дебата, нивната потрага да добие нов тек, односно да се врати на почетната замисла да се трага само по заемките со, наводно, опасна конотација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И тоа беше повод да се шегуваат со неа било тој, било децата.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Секојдневните информации за присилните миграции на македонското население од делот на Македонија во рамките на Грција во Југославија, Бугарија и во Албанија, како спас од преземениот терор од страна на грчката реакција беше повод Македонско-американскиот сојуз на 17 јули 1945 година да се обрати со протестно писмо до грчкиот амбасадор во САД, Дијамантопулос.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Камилски имаше извршено и свои истражувања за душманлакот, зборот со далечно персиско потекло, којшто минувајќи во Отоманската Османската Империја, кај различни народи добиваше и различни значења.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)