Дури таму кај што застана возот, во гратчето каде Полјаците не сместија, видовме некои повисоки ритчиња, ама тоа не беа планини.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Скаменети скраја од џадето, што секој ден беше ден на плачење, загледани во планината, што секој ден ни беше планина на плач, стоевме улуглави со очите и образите покриени со црните шамии... и така чекавме секој ден...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)