- Кажи ми, синиот плик - од кого беше писмото?... По нејзините бледи усни прелета усмевка.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Но тоа не беше писмо. Само упатница за пари. На неа пишуваше: „Еве, ви праќам малку пари. Се надевам дека сте добро со Карл“. И само толку.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
И од тој ден веќе не бевме деца на мама и тато... бевме деца на грчките партизани, деца на генерал Маркос, бевме група на Евгенија, на Марија, на Лина, на Тина и не се велеше децата, туку таа и таа група да дојди, да оди, да се построи на ред за појадок, за ручек, за вечера... бевме група во која немаше име на дете, туку бројче изрежано на метална плочка со ликот на Маркос и на синџирче ја носевме обесена на врат30... а потоа, далеку на север, бевме детски дом број 1, број 2, број 3... и потоа одделеније, па клас... и ретки беа писмата што стигнуваа од дома... ...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Таа се возбуди, (ретки беа писмата до неа).
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)