бев (гл.) - нива (имн.)

Од двете страни беа нивје посеани со пченица што се зеленееше со сјај под дождот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Затоа вели: нека ми а ариза и ваа нива да не ѝ се стори кедер на детето, — ја плашеше Стале Трна, бидејќи „Даги нива“ беше нива од осум товари семе пченичарка, од која Трна наоѓаше по 50—60 товари пченица, та „сајбијата“ сакаше таа пченичка да се тура во неговите амбари, а не во Трнините.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ова беше нива со компири, тука нeмаше ни дрвја ни грмушки.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)