бев (гл.) - намера (имн.)

4Книгата значи воведува инакви начини на читање? 4Можеби и тоа, но не обликувајќи или затворајќи некоја програма на читање, не наметнувајќи вештачки некаков систем на строги правила.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Притоа воопшто не ми беше намера, без оглед на спротивставените мислења на поединци кои воопшто и не ја прочитале книгата, да ги измешам литературата и филозофијата. 4Кога пишувате книга како оваа, дали ја пишувате исклучиво во однос со собеси или пак таа е наменета за некое читателство? 4Сигурно дека се обраќам кон читатели за кои претпоставувам дека би можеле да помогнат, да ме следат, препознаат, одговорат.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сиротата таа кој знае, пак, нејзе каква ѝ беше намерата, мислам дека ќе се срушеше кога нè виде како седиме еден до друг и смирено разговараме, држејќи се за рака.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Очигледна ѝ беше намерата како да ја разбие неговата трема.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И така, откако ги погодив сите раскопани сегменти на асфалтот (бидејќи, знаете во Скопје не се градеше волку ни после земјотресот, и нееее, не ми беше намерата со ова да го пофалам сегашниот градоначалник), по синдромот на Кнез Мишкин, кога пазите нешто да не нацапате, неизбежно го нацапувате, или да ја преформулирам реченицава за да звучи пооптимистички: ... и така, испречувајќи им се на патот на неколку веќепостоечки вирчиња со вода или можеби беше масло од автомобили, не знам, кои одамна си беа заземале место на паркингот пред канцеларијата, конечно, стигнав на работа.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Не знам дали ми беше намерата да ја приближам барем до некое можно решение но нејзиното “не верувам”, беше изречено со таква сигурност што ми се чинеше сосема попусто моето понатамошно уверување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Немаат причина за да бидат злочести се обидуваше да ми објасни таа. Бев фина со нив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој некој си пресече така, како што мислеше, како што му беше намерата. Што дека ние многу сакавме, кога ич не мислевме, а оставивме други да мислат за нас?....
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тоа беше намерата на вознемирената Трајчеица.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Значи, и таа се посомневала во постоењето на поголемо шаренило во љубовниот животот на нејзиниот Генерал.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Се разбира дека таква беше намерата на реченото“, побрза да објасни тој и ја спушти слушалката.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)