бев (гл.) - момче (имн.)

Изабел, нејзиниот сопруг Бертран и тројцата синови од кои најголемиот беше момче од дванаесет години и се викаше Оливие, средниот чиешто име беше Ален имаше десет, а најмалото момче Патрик имаше пет години.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Тој најмногу се интересираше за мојот велосипед и веќе си ја имаше ставено мојата капа на главата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Едниот постар, со бела коса и побелена брада, другите тројца помлади, неизбричени, со темни лица и подрасната коса, а петтиот беше момче на наша возраст.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога бев момче ме научија да мислам за Англичаните како за народ со пет оброци.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Забрането беше момче да сака мома и мома да возвраќа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Брат ми веќе беше пијан; се беше вцрвенил во лицето, движењата на телото му беа побрзи од обично, зборуваше со онаа топлина во гласот што ја имаше кога беше момче, а јас дете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Доволно пиев,“ рече, и одново плати да му налеат во празната чаша, па се оддалечивме од масите на кои точеа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Другите сите беа момци од четата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Петти пеан: Ликот на Александар Глас: Александар беше момче со исправено држење на вратот, со руса кадрава коса и перче на челото.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
„Можеме ли да добиеме малку вода, ве молам сењор“ Тоа беше момче од околу дваесетина години.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Зборувајќи за неостварените книжевни стремежи на својот татко, Борхес во својот “Автобиографски есеј” напиша: “Од времето кога бев момче, кога слепило го снајде мојот татко, премолчено се подразбираше дека јас треба да ја остварам книжевната судбина којашто околностите му ја одрекоа на мојот татко.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Од мене се очекуваше да бидам писател”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа беше нешто земано здраво за готово.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во едно подоцнежно интервју, тој опширно зборува за судбината што му е доделена: “Мислев дека сум роден за писател, но сега гледам дека не било така.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)