бев (гл.) - мирис (имн.)

Тоа беше мирис на кожа со вкус на бреза во последните денови на зимата, распарталена од нескротливиот ветар на луда марта, чувство што се раѓа по топењето на танките ленти мраз меѓу процепите на кората, кога ти студи во коските, а длабоко во срцето ти пука жар, фрла искри, те распламтува одвнатре.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Таа го сакаше мирисот што ја обземаше во тој миг, тоа не беше мирис ниту нејзин, ниту на Лилица , ниту на Андон, тоа беше некој мирис на ветрови што се раѓаат одвнатре и носат реа на пот и плодност, мирис кој тешко може да се именува, како кога ќе влезете во кафеана во која никако не можете да кажете од кое јадење е тој мирис што ве тера со стрв да подголтнувате, затскривајќи се тоа да не го видат другите.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)