бев (гл.) - министер (имн.)

Тој, навистина, му пишуваше на Али Фети, токму во времето кога тој беше министер за внатрешни работи, непосредно пред да биде испратен во заточеништво од англиските окупатори на островот Малта, но Татко не веруваше дека тој некогаш го примил неговото писмо пишувано со младешка жар и искреност.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имав чувство дека се наоѓам на крајот од дипломатскиот маратон или на самиот почеток!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Знаеш ли ти добро кој беше тој? – Чинам, беше министер за надворешни работи на Италија? – Токму така, но на фашистичка Италија!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Набрзина ја напишав телеграмата од средбата со Фарук Кадуми, повеќе како настан кој ќе ја потврдеше мојата дипломатска будност и брзо и квалитетно реагирање, со средба и информации од претставник на високо ниво во палестинското раководство, каков што беше министерот за надворешни работи и челникот на Фатах, Фарук Кадуми.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)